Celebrate Life - Make it happen / Лето 2018 - Јубилеј 8 годишнина
- Детали
- среда, 20 јуни 2018
11-та сезона и 8 годишен јубилеј за DIY унисекс етикетата на графичкиот дизајнер Горан Костовски - ind.o.g е мотивирачки подвиг на самите нас да не се откажуваме од работите кои што ги сакаме без разлика колку и да се тешки и нема услови да се случат/реализираат.
Субкултурата којашто секогаш била присутна па дури и во исчезнување, е вечна инспирација за секоја нова сезона на Celebrate Life.
Фотосесијата е дело на Марко Монс со кој што Индог соработува последните години, а во нејзе се појавуваат Диџејот Soul Case и Александра во уметничка дирекција на ind.o.g и постпродукција на Марко Монс. Јубилејната лимитирана серија е во 40 парчиња и oversized маицата е спакувана во торба дизајнирана специјално за 8 годишнината.
Some people want it to happen,
some wish it would happen,
others make it happen.
Make it…
Celebrate life!