Пролетно уредување на домот, забава за целото семејство

Секоја пролет нè обзема желба за освежување и за нешто ново, па често тоа знаеме да го преточиме во својот дом и неговиот изглед. Убавото време дава нови идеи, нова енергија и шанса за нови моменти поминати со саканите.

proletno-ureduvanje-na-domot-zabava-za-celoto-semejstvo-001.jpg

Околината, самиот простор некогаш нè ограничува да можеме да си го овозможиме она што го сакаме. Но секогаш постои нешто што одговара токму со нашиот дом, што може да го разубави и во него да донесе свежина. Доколку сè уште не сте направиле ништо, време е за промена со која можете да ги израдувате сите членови на семејството, па и најмладите. Децата не секогаш сакаат да се дел од „муабетите“ и активностите на постарите. Но доколку се работи за уредување на нивната соба или катче, или, пак, ако станува збор за дворот, тие со радост ќе се вклучат во избор на мебел или додатоци кои ќе го разубават просторот. А времето поминато со вашите деца во реновирање исполнува со убава енергија и е само причина плус за заеднички поминати моменти.

Skopje City Mall изобилува со производи за домот од реномирани, интернационални брендови кои се автентични, квалитетни и ги задоволуваат сите потреби. Во молот во тек е акцијата „Home decor“ во која се вклучени продажните салони на CoinCasa, Ecotip, JYSK, Kares, Ramstore, Galerija, ICS Group, NEFA, Top Shop, TAC и Lusso и каде има широк асортиман производи кои буквално ги задоволуваат сите потреби на домаќинствата, а кои со акцијата се нудат по исклучително поволни цени.

Во нив може да се најдат производи наменети за кујна, спална соба, бања, градина и домот во целина, со интересен и софистициран стил и дизајн. Уникатни и квалитетни парчиња мебел, кревети, трпезариски маси, столици, најразлични полици, елементи за уредување на бањи, градини, но и постелнини, садови за домаќинство, најразлични украси, мали додатоци за домот и многу други нешта кои пленат со својот квалитет и функционалност.

Посетете го Скопје Сити Мол, поминете еден незаборавен ден и уверете се во уникатните производи со одлични цени.

За повеќе детали, погледнете го каталогот специјално изработен за самата кампања www.skopjecitymall.mk/home.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg