Совршен шопинг на 1.200 м2!
- Детали
- понеделник, 07 мај 2018
Колку метри квадратни се потребни за совршен шопинг? Или поинаку, можете ли да замислите 1.200 квадратни метри исполнети со врвна спортска опрема по цени какви само може да посакате? Сонот на најголемите шопингхоличари и фанатици за спортска опрема се оствари: пред две недели почна со работа OUTLET, најголемата продавница за спортска опрема во земјава.
OUTLET е најновиот член во семејството на Sport M и City Box. Се наоѓа во Визбегово, на Качанички пат, нуди сосема поинакво шопинг-искуство и има капацитет да ги задоволи и најнеуморните.
Самиот објект е нешто посебно и по својот изглед и концепт на уредување наликува на големите европски спортски продавници. Располага со префинет ентериер и кафуле во дворот на продавницата, кое е супер можност за освежување по маратонскиот шопинг или за место каде мажите можат да ги почекаат поубавите половини. J
Соодветно на рангот на OUTLET, и гала-отворањето беше настан за паметење. Покрај одличната журка, имаше огромни попусти и супер подароци. Меѓу гостите, очекувано, присутни беа и голем број познати фаци и дел од домашната шоубиз-елита.
OUTLET - Golemo Otvoranje❣️ОUTLET x Sport M x City BOX ❣️ 👉 Посетете ја најголемата продавница за спортска опрема во Македонија, на површина од 1200 м2 ✨ 🔔 Ве очекуваме во OUTLET во Визбегово на Качанички пат
Posted by Sport M on Friday, May 4, 2018
OUTLET - Golemo Otvoranje❣️ОUTLET x Sport M x City BOX ❣️ ? Посетете ја најголемата продавница за спортска опрема во Македонија, на површина од 1200 м2 ✨ ? Ве очекуваме во OUTLET во Визбегово на Качанички пат
-->-->Posted by Sport M on Friday, May 4, 2018
- Честитки до Спорт М. Конечно имаме едно убаво, големо место каде што можеме да правиме добар шопинг – рече пејачката Викторија Лоба, која си замина со полни ќеси.
Во OUTLET има за секого по нешто - најголем избор на патики и спортска опрема во Македонија, по одлични цени. Може да си купите Adidas, Puma, Nike, Reebok, Vans, Converse, Salomon, 4F, New Balance, Lacoste, Timberland и низа други – светски брендови во врвнa домашнa продавница.
- Сум бил на многу отворања на продавници, на многу други работи, ама вака грандиозно и масовно ретко кое било. Многу ми е ќеиф, зашто е домашна компанија. Не се случува често домашна компанија да е така голема и успешна како што е Sport M, со нивниот втор бренд City Box, a ете сега и OUTLET – порача Жаре од Еден на Еден, кој исто така беше меѓу посетителите.