Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

Во денешното хаотично секојдневие, секоја од нас е менаџер. Едноставно, менаџираме на работа, менаџираме во семејството, менаџираме со сите секојдневни обврски со цел да може да ги постигнеме задачите кои си ги поставуваме. Затоа, важно ни е процесите да се брзи и ефикасни, а доброто планирање на времето значи подобри резултати.

doznajte-sto-mislat-zenite-koi-zapocnaa-da-koristat-parni-generatori-2-01.jpeg

Квалитетните апарати за домаќинство се основата на добра организација во домот. Помалку време, помалку нервоза, совршена помош да биде сè под конец. Пеглањето можеби не е најинтересната работа, но дезинфекцијата на алиштата и перфектно средената гардероба се секогаш во мода.  Во изминатиот период во неколку наврати низ трговските центри имавме можност да се сретнеме со промоциите за парните генератори на Philips, кои ни оставија голем впечаток.

Можете да ја оставите пеглата врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можете да пеглате вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можете дури и да пеглате врз апликации без никако да се оштети, ниту гардеробата, ниту пеглата.

  • Моќна пареа (470г моќ на пареа)
  • Optimal temp технологија без сетирање на температура, 100% гарантирано без изгореници на сите материјали погодни за пеглање
  • Вертикално пеглање
  • Лесна пегла
  • Највисок квалитет на Philips плочата за лесно пеглање
  • De calc систем за прочистување (функционира со вода од чешма)

За сите останати карактеристики можете да прочитате на следнава веб страна: www.peglanje.philips.com.mk.

Најубаво се учи од личните искуства, па поради тоа најдовме неколку жени кои веќе користат Philips парни генератори и побаравме од нив да ги споделат нивните искуства со производот.

Тука може да прочитате што споделија со нас:

Ивана Јованоска

Како родител ми е навистина важно алиштата на моите деца да бидат секогаш испеглани и дезинфицирани. Морам да признаам дека не сум голем љубител на пеглањето, но откако станав мајка едноставно ја превземав таа обврска. Во нашиот дом имаме голема количина на гардероба со апликации и принтови, па доста често имав проблем и ја оштетував гардеробата. На промоција видов Philips парни генератори и навистина ми оставија впечаток. Можам да кажам дека веќе 4 месеци сум горда сопственичка на парен генератор и процесот на пеглање ми стана навистина полесен. Можеби главна причина што го купив парниот генератор е тоа што плотната на пеглата не може да се оштети, ниту да се залепи за гардеробата, па со самото тоа пеглањето на апликации и принтови на гардеробата го решавам по брза постапка. Пеглам обично во недела кога имам повеќе слободно време и втората причина што ми помогна во одлуката за да купам парен генератор од Philips е тоа што можам да пеглам 2 часа без прекин. Има резервоар за вода од 1,8 литри кој патем не мора да го полните со дестилирана вода и едноставно не мора да дополнувате вода на секои 10 минути. Топло ја препорачувам.

doznajte-sto-mislat-zenite-koi-zapocnaa-da-koristat-parni-generatori-2-03.jpeg

Соња Николова

Како жена која обожава свила и памук имав често проблеми со пеглањето алиштата. Најчесто се случуваше пеглите да ја изгорат гардеробата, материјалот да се залепи за самата плотна и потоа при пеглање на друга гардероба да го уништам и тоа парче гардероба. Купив Philips парен генератор со  OptimalTemp технологија пред еден месец и можам да кажам дека сум презадоволна. Го видов на промоција во City Mall и кога видов дека гарантираат дека ќе пеглам без изгореници на гардеробата решив да го купам моделот. Целата приказна е во тоа што генераторот има моќна пареа, односно не се работи за промена на температурата кај самата пегла која е иста и оптимална, туку самата пареа навлага во порите на гардеробата и на тој начин го олеснува пеглањето и не дозволува да дојде до изгорениците на гардеробата. Поради тоа што и јас и сопругот работиме канцелариска работа, пеглањето се одвива секојдневно. Мене ми заврши голема работа парниот генератор, а верувам дека е корисен за сите оние кои имаат динамично темпо на живеење и имаат работа во која има кодекс на облекување.

doznajte-sto-mislat-zenite-koi-zapocnaa-da-koristat-parni-generatori-2-04.jpg

Јована Станковиќ

Никогаш не сум сакала да пеглам. Додека живеев со мајка ми, таа беше задолжена за тој дел од домашните обврски. Веќе две години живеам со сопругот и константно имаме преговори кој ќе го превземе пеглањето, па најчесто се менуваме на една недела. Сопругот е прилично темпераментен, па кога ќе дојде ред за пеглање гледа да заврши за 5 минути што е практично невозможно. Главен проблем секогаш беше сортирањето на гардеробата. OptimalTemp опцијата на Philips парните генератори не спаси. Можеш да наредиш на даска за пеглање различни материјали и потоа со едно поминување ги пеглаш сите одеднаш. Се шегувам секако, но можете да пробате ако сакате J. Плус, гардеробата ја пеглам вертикално. Самиот генератор има моќна пареа па нема потреба секогаш да ја расклопувам даската за пеглање и можам да го испеглам фустанот кој сум го спремила за дента директно на закачалка. Искрено, парните генератори на Philips ги препорачувам на сите. Ако можеше мојот сопруг да стане експерт за пеглање, тогаш навистина може секој.

doznajte-sto-mislat-zenite-koi-zapocnaa-da-koristat-parni-generatori-2-02.jpeg

За да ги погледнете сите модели на парните генератори, како и продажните места посетете ја веб страната на Philips.

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg