Време е да се потсетиме на 3-те години „Плати со поезија“
- Детали
- понеделник, 19 март 2018
Скопје, (19.03.2018) Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велес се подготвени оваа година да ја поттикнат инспирацијата на секој посетител на 21-ви март, Денот на поезијата, преку традиционалната кампања „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл.
Од 2015-та година, секоја година, 21-ви март е резервиран за тие кои уживаат во кафето и лицата кои трагаат по скриената поетика во себе. Веќе 4 години по ред овој настан се организира во Македонија и има за цел да го долови духот на бројни уметници преку поттикот и инспирацијата за создавање на стихови кои вродуваат со уникатна поезија.
Голем број на локации се вклучија во поддршка на „Плати со поезија“ низ годините и уште толку поети го негуваат духот на овој ден преку дружење со обожавателите на кафе и љубителите на поезијата.