Тони Михајловски во Еден на Еден
- Детали
- петок, 02 март 2018
Отворено, искрено и секако – опуштено интервју ве очекува оваа недела од 18:50 на Канал 5 кога за првпат ќе го гледаме Тони Михајловски во „Еден на Еден“.
Михајловски зборува за улогата во хит серијата „Сенки над Балканот“ и за новото искуство како режисер.
Тој одговара и колку неговата гласност на социјалните мрежи и политичка определеност му одмогнале во професионалниот живот и за, како што вели, двојните аршини на јавноста. Жаре не пропушти да го праша и за „Опуштено“, за неговиот приватен живот, за детството и студентските денови...
Сѐ на сѐ, ве очекува еден одличен разговор со единствениот Тони Михајловски. Затоа не ја пропуштајте „Еден на Еден“ и оваа недела од 18:50 на Канал 5.