Избегнете ги секојдневните обврски околу домот со инвестирање во услуги од професионална компанија
- Детали
- вторник, 27 февруари 2018
Одржувањето и чистењето на домот на многумина од нас ни претставува дополнителна обврска помеѓу големиот број кои ги имаме во текот на неделата. Колку и некогаш да сакаме да посветиме повеќе внимание, немаме доволно време заради динамичното секојдневие и брзото темпо на живот.
Истражувањата покажуваат дека просечното време кое е потребно за да се завршат сите домашни обврски во текот на неделата изнесува околу 15 часа, што некогаш е тешко изводливо. Затоа, сѐ повеќе домаќинства денес ангажираат професионална помош која ќе им помогне за дел од тие работи. Со цел да си го олесните вашето секојдневие и поминете повеќе квалитетно време со најблиските, најдобро решение е да се обратите на специјализирана компанија со професионални услуги.
Многу често во нашите домови се случуваат и технички дефекти, како што се проблеми со електрична, водоводна и грејна инсталација, дефекти со столарија, браварија, итн. Во таква ситуација не знаеме како да постапиме и често избрзуваме користејќи погрешен пристап. Интервенцијата со самоуко импровизирање на крајот нѐ чини многу повеќе отколку самата инвестиција во ваков тип на услуги.
Моментално една од водечките компании во регионот која врши услуги од овој тип е групацијата Секјуриком, чија основна дејност е вршење на услуги од областа на професионалното чистење и тековното одржување. Тие изготвуваат индивидуални планови за чистење на барање на клиентот; нудат oдржување на хигиената на домови на приватни корисници; одржување на хигиена на административниот простор и индустриски објекти за деловни корисници,хортикултурно уредување и одржување на зелени површини, еднократно генерално чистење, чистење на прозорци на достапни и недостапни површини, чистење и санирање на сите видови тврди и меки подни површини, итн.
Во рамки на Секјуриком функционира и Центарот за итни настани кој 24/7 нуди брза интервенција во случај на итни и непредвидени ситуации, како и брзо реагирање на барањата на клиентите за услуги од областа на професионалното чистење, тековно одржување, физичко обезбедување и мониторинг – патролно обезбедување. Па, не е ни случајно што нивното мото гласи: “Вашите грижи нека бидат наши!”