Приказната на Marella и Каролина Гочева продолжува
- Детали
- понеделник, 26 февруари 2018
Каролина Гочева е заштитно лице на групацијата Магнетик за 2018 година. Првата приказна е приказната за Marella. Италијански бренд од групацијата Max Mara кој кај нас постои повеќе од 11 години.
Брендот нуди парчиња за жена која го има изградено својот стил, која е динамична, позитивна и посебна. Гламурозен, современ женски бренд кој го отсликува италијанскиот стил во буквална смисла.
Во овој втор дел од фотосесијата се потенцира Trench трендот кој е актуелен во новата пролет/лето колекција на Marella искомбиниран со свилени марами. На овие фотографии повторно потписот го става Јована Зука.
Третиот дел од соработката за Marella ќе се состои од кратко модно видео кое со нетрпение го очекуваме.
Погледнети ги новите фотографии и уживајте.