Каролина Гочева - заштитно лице на лидерот на високата мода Магнетик
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2018
Модната групација Магнетик ја најави својата нова соработка за 2018 година со нашата најголема ѕвезда Каролина Гочева, која ќе биде заштитно лице на една интересна кампања на тема ‘Што те прави тебе единствена?’
фото: Лилика Стрезоска
Кампањата која е во подготовки ќе се одвива во текот на 2018 година каде преку неколку тематски видеа и фото-сесии ќе се прикажува една приказна за жената, за љубовта, за животот и секојдневието. Видеата и фотографиите ќе бидат направени на различни локации низ Македонија обидувајќи се да ги доловат локалните убавини, преку модата и уметноста и да ја раскажат приказната на секоја жена која се чувствува убаво во својата кожа.
Кампањата очекуваме да започне овој месец започнунвајќи со Италијанските брендови MARELLA by MaxMara и новиот ексклузивен моден бренд PINKO, а ќе продолжи со Liu Jo, Max&Co, Pennyblack и Weekend Max Mara.
Очекувајте прекрасни фотографии и модни видеа преку кои ќе ја доживеете убавината на Каролина Гочева, најзиниот шарм и елеганција и уникатноста на овие брендови.
Повеќе од 25 години групацијата на модни брендови Магнетик постои кај нас и ги претставува едни од најдобрите светски брендови кај нас: Weekend Max Mara, Marella, Max&Co, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Gerry Weber, Motivi, Oltre, Fiorella Rubino, Carpisa и Yamamay.