Макпрогрес донира храна за СОС Детско Село за период од 6 месеци

Макпрогрес донира производи во меѓународната невладина организација за социјална заштита на децата -  СОС Детско Село Македонија.

makprogres-donira-hrana-za-sos-detsko-selo-za-period-od-6-meseci-1.jpg

Вчера на 25.01 беше предадена едномесечна донација, каде претставниците од   Макпрогрес нагласија дека приоритет на компанијата, како општествено одговорен субјект, е подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во Република Македонија.

Од својата широка гама на производи од брендовите Сончева Долина, Натура и Винчини во наредниот период ќе бидат донирани количини на пакувана храна што ќе ги задоволат 6 месечните потреби на децата, штитеници во овој комплекс.

Како членови на Клубот на Пријатели на социјалниот центар СОС Детско Село, се грижиме за социјалната благосостјба на згрижените дечиња и со оваа донација сакаме да им овозможиме богата и разновидна трпеза во топлината на нивните домови и СОС семејства. Денес ги испорачавме количините храна и намирници за потребите на семејствата за период од еден месец, а активноста ќе продолжи и во следните 6 месеци. Се надеваме дека дечињата ќе уживаат во здрави и вкусно приготвени оброци и десерти“ – изјави Маја Цветанова, маркетинг менаџер во Макпрогрес Виница.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности за застапување и лобирање за подобрување на квалитетот на грижа и превенцијата во полето на социјалната заштита. Во организацијата СОС Детско Село згрижени се деца добиваат можност да растат во заедница каде наоѓаат сигурност, љубов и топлина.

makprogres-donira-hrana-za-sos-detsko-selo-za-period-od-6-meseci-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg