Да се види звукот, да се вкуси бојата и да се слушне вкусот - Со Авалон забавата никогаш не престанува
- Детали
- четврток, 20 јули 2017
Повторно истиот период од годината, добра музика на отворено, дружење и опуштање, едноставно,кај нас забавата никогаш не престанува. Дефинитивно Македонија знае да ужива и да го следи добриот ритам. Пред да помислите дека добрите забави се веќе зад нас, ние ви носиме вести – најдоброто допрво следува.
Пред да ви приредиме магична забава под ведро небо, ќе ве навратиме на забавите со одлична енергија, адреналин и музика. Авалон Продукција знае како да не внесе во светските музички случувања и секгоаш да не изненади со најдобрите имиња од светската музичка и клубска сцена. Во последните четири години, Авалон ги оргaнизираше најдобрите концерти во Скопје, Софија, Белград, Букурешт и Загреб. На листа на организирани концерти се најдоа најголемите светски имиња како Faithless, The Prodigy, Simple Minds, Deep Purple, Whitesnake, Tiesto, Paul Oakenfold, Roger Sanchez, Bryan Ferry & Roxy Music, Placebo, Paul Van Dyk, David Guetta, Lenny Kravitz, Bob Sinclar, Billy Idol, Hurts, Joe Cocker, Amy Winehouse, Moby, Judas Priest, Whitesnake, Jamiroquai.
И оваа лето го започнавме со детално осмислено музичко патување. Благодарение на Авалон Продукција, Скопје стана редовна локација на најдобрите артисти.На 20ти јуни Rob Garza and Eric Hilton, aka: Thievery Corporation внесоа дополнителна жештина во Скопје. Со промоција на својот нов албум, "The Temple of I & I" снимен во Јамајка, Thievery Corporation внесоа нов правец во модерната реге музиката, како добар рум на плажа. Сетилата се измешаа кога три дена подоцна, Martin Garrix ја размрда сцената во Скопје, можеше да се види звукот, да се вкуси бојата и да се слушне вкусот. Огромна количина на енергија, на адреналин и многу љубители на добар ритам на едно место. Martin Garrix, млад холандски диџеј, продуцент и музичар уште еднаш покажа зошто е на врвот на светските топ листите.
Забавите немаше да го достигнат врвот доколку не бевме подготвени за непознатото, NEULAND ни донесе експлозија на сетилата, можност да го видиме звукот, да ја вкусиме бојата и да го слушнеме вкусот. Нова димензија, мајсторство на звук и уметност на едно место. Вклучете ги сите ваши сетила, и бидете ко-креатор на една незаборавна приказна. Дали сте подготвени за непознатото? На вас е да одлучите.