Детската игра е најважна за психофизичкиот развоj
- Детали
- петок, 14 јули 2017
Играњето надвор е особено здраво за децата сметаат здравствените експерти. Преку играта се развива моториката на децата, ја развиваа својата фантазија, се подобрува концентрацијата, а се развиваат и нивните креативни потенцијали. Тоа им помага полесно да ги совладуваат препреките, да стекнат поголема самодоверба.
Детската игра е најважна за психофизичкиот развој на децата, и таа е непроценливо важна за да израснат во здрави луѓе, кои ќе се носат со сите животни предизвици.
Секое дете сака свое катче, место каде ќе го создава својот свет. А игротеките се нивното омилено место за забава.
Околу децата се врти се! Родителите им се посветени, им ги исполнуваат сите ќеифови. Поради тоа многу трговски центри, ресторани, се решаваат да набават детски куќички, лизгалки, трамболини и други реквизити со цел да ги привлечат семејствата.
Исто така, последниве години се повеќе семејства кои живеат во куќа и имаат двор, се решаваат да постават детски куќички и други интересни реквизити за играње во својот двор кои ги набавуваат во Дексико.
Во Дексико има голем избор на детски куќички, лизгалки, карпи и разни комбинирани сетови за качување, пикање, скокање, играње улоги и секаков вид друга забава која може да биде искреирана од детската фантазија.
Родителите стануваат се повеќе свесни за тоа дека нивните најмили не може да седат цело време затворени дома покрај компјутер, таблет или на телефон и дека таквиот начин на живот не е здрав, и создава мрзеливи, несигурни, и не социјализирани деца. Со детските игралишта во дворот тие им овозможуваат повеќе време да играат надвор, да им доаѓаат другарчиња, да бидат посреќни и безгрижни.
Интересно е што и самите деца ги бираат игротеките каде ќе го слават својот роденден, според расположливите куќички и реквизити во игротеката.