Ја будиме љубовта кон германскиот јазик низ забава и уживање - Во тек е летниот камп на Германскиот јазичен центар
- Детали
- понеделник, 19 јуни 2017
Во тек е летниот дневен престој во Германскиот јазичен центар! Подарете им на децата забавно лето и истовремено допринесете за збогатување на нивните германски јазични компетенции.
Ние Ви гарантираме многу забава, интерактивна настава, прошетки во природа, спорт и уживање со многу другарчиња. Нашите искусни и посветени професорки ќе се погрижат за истото да биде незаборавно!
На нашиот летен јазичен камп учиме спонтано и ја будиме љубовта кон германскиот јазик! Нашите 8 генерации дневен престој се доказ за нашиот успех!
Германскиот јазичен центар е конципиран како едукативен центар за интензивно и активно изучување на германскиот јазик и запознавање на германско-јазичната култура за сите јазични нивоа и возрасни групи преку најразлични форма на настава – групна или индивидуална настава со интензитет согласно барањата и потребата на слушателите.
За време на летниот распуст го организираме нашиот омилен јазичен камп, на кој децата од предшколска и школска возраст интензивно го изучуваат германскиот јазик преку забавни методи и едукативни материјали.
Благодарение на огромниот успех на учениците кои ги посетуваа нашите досегашни летни дневни престои и по барање на родителите, и ова лето истиот ќе се реализира во периодот 12.06.- 25.08.2017.
Истиот опфаќа целодневно згрижување на децата за време на училишниот распуст. Низ различните наставни активности се стимулира раниот когнитивен, како и развојот на фината моторика.
Интерактивниот пристап, како и изучувањето на песнички, едукативни игри, рачни изработки, организирање на специјални тематски денови, како и раздвижување и игри преку секојдневни прошетки во природа неизбежно допринесуваат да се разбуди љубовта кон јазикот, а спонтаното учење на цели реченични конструкции претставува забава.
По завршените обврски на децата на располагање им стојат голем број на едукативни игри и материјали. Времето пред преземањето од страна на родителите е предвидено за слободни активности. Со учениците во рамките на престојот работи тим од дипломирани професорки по германски јазик како и воспитувач.
Мотивацијата на нашите слушатели и поттикнувањето на љубов кон германскиот јазик и култура е наш основен предизвик. Специјализираноста за германски јазик е нашата особеност, која е и наша дополнителна обврска и предизвик во промоција на германскиот јазик.
Единствениот и непосреден пристап во комуникацијата со нашите слушатели, искусниот кадар и современите материјали и наставни методи се причина за нашиот досегашен успех.
Летниот дневен престој ќе функционира во периодот 12.06.- 25.08.2017, секој работен ден од 08.00 – 17.00 часот.
Програма:
- 08:00 – 09:00 часот – примање на децата и појадок *
- 09:00 – 11:00 часот – рекреативни активности на отворено
- 11:00 – 12:30 часот – интензивен курс по германски јазик
- 12:30 – 13:30 часот – пауза за ручек *
- 13:30 – 15:00 часот – интензивен курс по германски јазик
- 15:00 – 17:00 часот – слободни активности
- (земање на децата во зависност од работното време на родителите).
* Храната и пијалоците би биле обезбедени од страна на родителите во форма на ланч-пакети или преку дополнителната понуда за топол оброк од УРАНИЈА.
За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање.
Ве очекуваме на летна авантура, auf Deutsch! :)
Германски јазичен центар
бул. Климент Охридски бр.22
1000 Скопје, Македонија
тел./факс: + 389 2 31 123 00, 072 252 661
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.