Со здрава храна до весели детски дни
- Детали
- четврток, 01 јуни 2017
Денес во Македонија и во светот се одбележува Меѓународниот ден на детето.
Денот на детето е еден од најстарите меѓународни празници. Во 1925 година, во Женева, Швајцарија, се одржува првата “Светска конференција за благосостојбата на децата”, на која присуствуваат претставници на 54 земји кои ја прифаќаат и потпишуваат Женевската декларација, како и официјално го дефинираат датумот 1-ви јуни за Меѓународен ден на детето.
Оваа година, македонскиот бренд Натура го одбележува Меѓународниот Ден на Детето со апелза придобивките од конзумирање здрави прехранбени продукти во детскиот развој.
За правилен раст и развој на децата неопходна е здрава и балансирана исхрана. Исхраната на децата треба да вклучува житарици, мешунки и свежо овошје и зеленчук во изобилие.
Многу е важно да се подигне свеста кај децата и родителите за здравиот начин на исхрана, бидејќи тоа е предуслов за здрав развој на детето. Со внимателно одбрана храна, можеме да го подобриме коефициентот на интелегенција, како и расположението на нашите деца. Здравиот начин на исхрана ги прави дечињата емотивно стабилни и ја подобрува нивната меморија. Доколку детето внесува во себе прави нутритиенти, ќе биде способно побрзо да мисли, ќе има подобра координација и концентрација.
Производите како корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, семки и сушено овошје се вистинскиот избор, затоа што децата ги сакаат, а конзумирајќи ги истовремено се хранат здраво. Сушеното овошје е одличен извор на железо, кое дава физичка и ментална енергија и кое се користи против анемија. Ваквиот извор на енергија брзо патува во крвотокот и особено се препорачува на деца кои спортуваат, после напорниот тренинг.
Децата не одбиваат шејк од овесни снегулки и банана за појадок или ужина, а јачменови снегулки подготвени со компот од јаболко, цимет и оревчиња им дава доволно енергија за нивната детска игра. Направете здрави палачинки со домашен прелив од боровница, а белото брашно заменете го со р'жани снегулки. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини, затоа треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот и ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми.
Производите на Натура се 100% природни, изобилуваат со растителни влакна, не содржат вештачки бои и засладувачи.