Ладна и оваа година ќе ги испрати дечињата со најдобри цртежи во Дизниленд - Париз

Веќе трета година по ред „Ладна“ го започнува својот детски ликовен конкурс за избор на најдобрите цртежи кои ќе  бидат наградени со незаборавно патување во парискиот Дизниленд. Оваа година темата на која децата ќе треба да цртаат е „Животните и водата“.

ladna-i-ovaa-godina-kje-gi-isprati-decinjata-so-najdobri-crtezi-vo-diznilend-pariz-01.jpg

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007 до 10.05.2010 година.

Стручното жири ќе има за задача да одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, за кои Ladna обезбеди супер награди и тоа 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

ladna-i-ovaa-godina-kje-gi-isprati-decinjata-so-najdobri-crtezi-vo-diznilend-pariz-1.png

Ликовниот конкурс ќе трае до 10.05.2017, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Животните и водата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и контакт телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.

„Цртањето за децата претставува една од најинтересните активности кои не само што ја предизвикуваат детската фантазија туку и ја развиваат моторичката способност и координација на рацете, што пак е во директна поврзаност со развојот на интелегенцијата. Детето на овој начин ќе научи да размислува логички ќе има подобро помнење, внимание и поврзан говор. Имајќи ги во предвид ваквите предности пред две години Ладна креираше детски ликовен конкурс кој имаше токму за цел да ги поттикне децата на оваа корисна и забавна активност. Среќни сме што оваа година ќе израдуваме две семејства со можноста да отпатуваат во Париз и да поминат незаборавно доживување во најубавиот забавен детски парк како што е Дизниленд.“, изјавија од Ладна. 

ladna-i-ovaa-godina-kje-gi-isprati-decinjata-so-najdobri-crtezi-vo-diznilend-pariz-2.png

Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 1.500 детски цртежи кои што беа изложени во мултимедијалниот центар Мала Станица.

Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитате на Facebook страната на Ладна.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Снеже Велков влезе во море среде зима – се загрева со оро, водата е „кочан ладна“ (видео) „Ладно е кочан, но зборот е одржан – победа на умот и предрасудите“ – напиша Сне...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg