Вашиот лајк станува донација во големата хуманитарна акција на Скопје Сити Мол!
- Детали
- понеделник, 19 декември 2016
Дарувањето е исконска потреба на човекот да ги направи среќни оние што ги сака. Дарувањето е израз на најтопли чувства, начин како делче од себе да дадеме некому. Но повеќето луѓе тврдат дека далеку повеќе ги радува кога даруваат тие, отколку кога самите добиваат подарок. Дарувањето е двигател на убави емоции, радосни моменти, што никогаш не доаѓаат сами. Во „пакет“ со нив се и бакнежите, гушкањата, топлите зборови и благодарноста. „Никој никогаш не осиромашил затоа што нешто дарувал“ напишала еднаш Ана Франк. Во оваа неоспорлива вистина и горечка инспирација се крие еден од тригер-мотивите оваа година Скопје Сити мол да ја иницира големата хуманитарна акција Јас Дедо Мраз.
Секој што сака да донира може да учествува со едноставно притискање „лајк“ на објавата за донации на фејсбук-страницата на Сити мол. Така „лајкот“ станува донација од некоја од продавниците во трговскиот центар, а тие во име на потрошувачите ќе дадат подарок-донација од својот асортиман на производи. Ова е втора недела од почетокот на акцијата и овој пат донации прават Fashion Group Macedonia, Bebe Home и Крш. Потрошувачите може да даруваат „лајк“ што нема да ги чини ниту денар, а ќе придонесат за поубави, посреќни и повозбудливи денови на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.
За секои 250 лајкови секој од брендовите поединечно донираат во име на потрошувачите, а за поголема транспарентност на иницијативата пред продавниците на брендовите што учествуваат во акцијата се поставени аналогни фејсбук-бројачи што го евидентираат секој лајк на посетителите на фан-страницата на Сити мол, како и на секој од посетителите во молот. Колку повеќе лајкови, толку повеќе подароци за децата без родители и оваа Нова година!
„Сите деца имаат право на среќно детство. Сите деца имаат право на поволни околности и еднакви можности да растат здраво, среќно и да имаат сé што им треба за квалитетно детство. Силно веруваме во оваа иницијатива и во концептот на дарување кое не само што усреќува некого, туку и го заживува нашиот дух. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за сите поединци и компании да градиме заедно човечки врски што се темелат на хуманост и на благодарност. Ги поканувам сите да ги даруваат своите „лајкови“ на Fashion Group Macedonia, Bebe Home или на Крш, а ние тиe лајкови ќе ги претвориме во донација. Но, секој може и лично да донира средства или материјали добра на нашиот инфопулт во приземјето на молот“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити мол.
Хуманоста е клучот на личната среќа и мотивација за подобар живот.
Покажете ја својата хумана страна и подарете среќа во празничните денови на многу дечиња што имаат потреба од неа. Акцијата трае до 31 декември, а во неа учествуваат Европа, Тудорс (Tudors), Спорт вижн (Sport Vision), Фешн груп (Fashion Group), Крш тојс( Krsh Toys), Бебе хоум (Bebe Home), Анхоч (Anhoch), Нина бокс (Nina box) и Екстрим интимо (Extreme Intimo).
Приклучете се во акцијата #ЈасДедоМраз и овие празници донесете насмевки на лицата на многу дечиња.