Тоа е тоа чувство! Новогодишната реклама на Coca-Cola на македонски јазик
- Детали
- вторник, 13 декември 2016
Новогодишните празници пристигнаа! А со нив традиционално во целиот свет пристигна и омилената новогодишната реклама на Coca-Cola.
Новогодишната реклама и Новогодишната песна на Coca-Cola веќе со децении ширум светот претставуваат симбол за пристигнувањето на најубавото време од годината. Време кога кај секого преовладуваат чувствата на среќа и оптимизам, бидејќи старата година завршува и се ближи првиот ден од новата. Кога споделувањето на љубов, добро расположение и прекрасни мигови со семејството и најблиските стануваат секојдневие.
Оваа година, Новогодишната реклама на Coca-Cola во Македонија пристигна испеана на македонски јазик и ги стопи срцата на сите граѓани, носејќи ја празничната магија уште поблиску до нив.
Песната ја испеа популарниот пејач Влатко Лозаноски, кој успеа да ја пренесе топлината и приказните кои само најомилениот пијалак на светот знае вистински да ги раскаже. Приказните кои го слават семејството, радоста, љубовта и она чувство на топлина или како што се вели и во самата песна: „Ти биди до мене, цело време, заедно ние имаме се…Дај нека трае, тоа е тоа чувство, ништо на светот не не запира нас...‘‘.
Песната е веќе хит на најпознатите радио станици во земјавa, а рекламата може да се погледне на националните телевизии, како и на официјалниот YouTube канал на Coca-Cola.