Марија Атанасова победник во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист“
- Детали
- среда, 09 ноември 2016
Со 3.241 глас и многу позитивни коментари за поддршка, студентката по правни науки и страствен обожавател на модерна и стилска гардероба, Марија Атанасова од Кочани го освои првото место во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист”, иницијатива на Скопје сити мол во насока на охрабрување на потрошувачите да си играат со модата и да уживаат во модните содржини на Скопје сити мол.
„Овој моден предизвик за нас беше одлична забава и убава можност да бидеме блиску до нашите потрошувачи и да ги видиме нивните размислувања во однос на она што за нив е примамливо и атрактивно. Навивавме и ние, се обложувавме и будно ги следевме бројачите на гласови што беа поставени до куклите. Секој глас за нас беше радост и голема возбуда, исто како на наддавање на берза. И честитам на Марија Атанасова и верувам дека уникатноста на нејзината комбинација го направи своето. Се надевам дека со неа и во иднина ќе соработуваме и ќе се дружиме“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.
Да потсетиме; Марија Атанасова беше една од тројцата финалисти што успеаа да се издвојат од над 700 учесници во ова ново модно искуство надополнувајќи го стајлингот предложен од модните стилисти и дизајнери Драган Христов, Катерина Трајановска и Ана Несторовска.
„Пресреќна сум што потрошувачите и фановите на Скопје сити мол ја препознаа мојата комбинација како стилски комплетна и како моден аранжман за кој вреди да гласаат. Ова беше одлична прилика да се запознаам со тимот на Скопје сити мол, со другите учесници и да направам исчекор вон мојата конфорна зона, односно правните науки, што се мој моментален фокус“ - изјави деветнаесет годишната Марија Атанасова.
Марија со својата комбинација од впечатливи модни примероци од LC Waikiki, My Time, Buzz, LTB и од Arthur`s, ја потенцираше моќта на базичната облека, во комбинација со впечатливи парчиња што зборуваат за личниот стил, за модната смелост и за изградениот визуелен израз. Таа од денес ќе ужива во наградите што и ги врачија претставници од Скопје сити мол.