Студентите избраа! Шпаркасе Банка - омилена банка!

studentite-izbraa-sparkase-banka-omilena-banka.jpg

28.9.2016 г. Скопје. Шпаркасе Банка Македонија е добитник на сертификацијата STUBRAND 2016, со што стана прва и единствена банка во Република Македонија што го добива ова престижно признание за најпопуларен бренд според македонските студенти.

Истражувањето што го спроведе STUBRAND Macedonia оваа година ја мереше перцепцијата за имиџот на вкупно 405 брендови во 19 различни категории кај студентската популација. Според резултатите, Шпаркасе Банка ужива позитивен имиџ на брендот од 53%, односно голема емотивна приврзаност кон брендот кај студентите, а со тоа и ги исполни високите критериуми за стекнување на сертификатот STUBRAND 2016.

Со оваа престижна награда Шпаркасе Банка повторно го потврдува својот заслужен имиџ на „модерна банка“, која во преден план ги става современите банкарски текови и практики.  Имајќи ги своите корисници во преден план, Шпаркасе Банка успешно ги преточува искуствата на Ерсте и Шпаркасе Групацијата, како и банкарскиот know-how во нови и иновативни производи и услуги. Специјално за оваа таргет група, Шпаркасе Банка го креираше Fancy пакетот за млади, со цел да одговори на потребите на студентите за нивна финансиска независност и менаџирање со сопствените средства, како и поволни услови за финансирање на нивното школување.

Во рамките на стратегијата за општествена одгoворност, Банката на најуспешните студенти им овозможува да аплицираат за стипендија во рамките на проектот „Најдобрите од Југоистокот“, кој вклучува посета на студии на Универзитетот Карл Франценс во Грац и практика во рамките на реномираната Шпаркасе Групација, во вредност од 10.000 евра. Исто така, преку поддршка на проектот Social Impact Awards, Шпаркасе Банка ги наградува младите студенти-претприемачи да ги реализираат своите бизнис идеи од областа на социјалното претприемништво, овозможувајќи им експертиза од областа на финансиите и советување за понатамошна одржливост на младите претпријатија.

Шпаркасе Банка е иновативна не само во поглед на својата банкарска понуда, туку и во поглед на проектите што таа ги поддржува и кои имаат силно влијание и значајност за општеството, развојот на културата, спортот, образованието, науката и заштитата на животната средина.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.300 вработени и преку 230 експозитури и регионални центри опслужува речиси 700.000 клиенти.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg