Втора година по ред, CRNOBELO.com најомилен портал на студентите

Реномираната меѓународна агенција за сертификација STUBRAND го реализираше второто официјално меѓународно истражување во Република Македонија со цел да се измери перцепцијата или имиџот на брендот кај македонските студенти. Оваа година, 1.024 студенти гласаа за 405 брендови поделени во 19 категории производи/услуги. Она што особено нè радува, е фактот што студентите го избраа CRNOBELO.com за нивен најомилен портал и официјално го избраа за престижната сертификација – PREMIUM STUBRAND 2016.

vtora-godina-po-red-crnobelo-com-najomilen-portal-na-studentite-2.jpg

Уникатноста на STUBRAND методологијата произлегува пред се од видот на Ликертовата скала која е употребена за мерење на ставовите на студентите, при што од нив се бара со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know, во најбрз можен рок да ја искажат, првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд. Имено, одлуката за изборот на тн. “D-T (Delighted-Terrible) скала” или во конкретниот случај “L-H (Love-Hate) скала” е направена бидејќи е најсоодветна за мерење на интензитетот на чувствата/емоциите на клиентите, те. за степенот на нивна емотивна приврзаност кон брендот.

Потврдата од страна на студентите веруваме дека доаѓа како резултат на нашето постојаното усовршување од содржински и технички аспект што резултура со над 2 МИЛИОНИ посети месечно, над 10 МИЛИОНИ прегледани страници месечно, над 700.000 УНИКАТНИ посетители месечно и над 5 МИНУТИ просечно време поминато на CRNOBELO.com.

Редакцијата на CRNOBELO.com се заблагодарува на сите студенти кои учествуваа во истражувањето и ја искажаа нивната доверба. Истото претставува мотив плус да продолжиме и понатаму да го правиме CRNOBELO.com централно место за забава, каде што ќе Ви бидат достапни најразновидни содржини кои квалитетно ќе го исполнуваат Вашето време поминато на Интернет.

Дечки и девојки, Ви благодариме! Се читаме :-)

Би можело да ве интересира:

CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо... „Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Хелена Роза доби новозеландско државјанство по 9 години - Прослави со Ребека и зетот „Официјално, сега имам два дома“, напиша Хелена Роза и откри дека по скоро една ...
Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè „Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голе...
Нашиот Златко Јовановски имаше 2 ревии на Модната недела во Париз: „Носев круна и наметка, сепак сум... „Костумот што го носев на дефилето, беше везен со 99 огледала. Носев и кралска н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg