Македонските студенти и оваа година ќе ги избираат своите омилени брендови
- Детали
- понеделник, 05 септември 2016
Кои брендови ќе се стекнат со најпрестижниот сертификат – STUBRAND за 2016 година? За тоа ќе имаат можност да одлучат околу 60,000 студенти во Република Македонија кои по втор пат ќе гласаат за своите омилени брендови, распоредени во вкупно 19 категории производи/услуги. STUBRAND е единственото официјално меѓународно истражување, со кое, директно од страна и на македонските студенти ќе се промовираат оние брендови, кон кои тие искажуваат највисок степен на емотивна лојалност во 2016та година.
BRANDER методологијата, која е во сопственост на Њујоршкиот Меѓународен институт за маркетинг истражување и сертификација (www.iimrc.us) е она што ги прави уникатни истражувањата на STUBRAND во сите 15 земји во кои се спроведува истото во моментот. Истражувањето е направено така што на многу едноставен начин, со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate или Don’t Know, студентите да ја изразат својата првична, или импулсивно-емотивна реакција спрема дадениот бренд. Секој бренд што ужива позитивен имиџ од над 50% може да биде сертифициран со STUBRAND, а секој бренд со позитивен имиџ од над 75% и за кого процентот на одговорите Love е поголем од процентот на одговорите Like, може да биде сертифициран со PREMIUM STUBRAND за конкретната година.
Студентите се најважната група консументи за секоја компанија од причина што тие се консументи на иднината, односно стекнувањето на нивата доверба кон брендот денес значи долгорочна лојалност спрема истиот и во иднина. Затоа, резултатите од истражувањето на STUBRAND ќе им помогнат на компаниите да дознаат кој е степенот на емотивна лојалност на студентите кон нив и нивните брендови, како и да откријат како истите се перцепирани во однос на главните конкуренти.
Вообичаена пракса која додава вредност на истражувањето претставува настанот за свечено доделување награди и промоција на најдобро-рангираните брендови, кој од страна на STUBRAND ќе биде организиран до крајот на календарската година. Секако, на првиот настан кој STUBRAND Macedonia го организираше минатиот декември во Александар Палас, покрај тоа што беа промовирани дванаесетте официјални STUBRAND-ови за 2015 година, истиот претставуваше и одлична можност за вмрежување на најуспешните компании кои се сопственици на брендовите и најуспешните студенти, со двостран бенефит. Имено, фирмите добија можност на едно место да ги пронајдат своите идни кадри од редот на најталентираните македонски студенти, а студентите си ги зголемија шансите за почеток на својата професионална кариера во дел од најреномираните фирми кои делуваат на македонскиот пазар.
„Ова признание е од исклучително значење за нас како компанија и за Стоби Флипс како бренд со најголем позитивен имиџ бидејќи доаѓа токму од студентите кои се секогаш искрени и немаат никакви предрасуди“, истакна директорот на Витаминка за време на минатогодишната церемонија за доделување на признанијата на STUBRAND за 2015 година. За време на истата, покрај Стоби Флипс, STUBRAND сертифицираше и уште 11 брендови: Атлантис, Скопско, Ладна, Добра Вода, Зегин, Виталиа, Дурекс, Телекабел, Антена 5, 24 Вести и crnobelo.com.
Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ) е лиценцирана и оваа година да го реализира истражувањето на STUBRAND во 2016 година во Република Македонија.
Сите студенти можат да пристапат кон истражувањето преку: http://stubrand.com/take-survey/