Започнува Garage Sale во Рамстор мол!
- Детали
- среда, 10 август 2016
Скопје (10.08.2016) – Попусти до 70% започнуваат од 17ти до 21ви август во Трговскиот центар Рамстор. Со слоганот “Дојди правиме чистка” започнува најголемата расподажба во градот Скопје, добро познатата кампања Garage Sale.
“Оваа активност е препознатлива по тоа што попустите се навистина големи. Кај нас станува збор за вистинска распродажба и нешто по што сме препознатливи со Garage Sale. Единствени по концепт и големи попусти, ги повикуваме сите љубители на квалитетниот шопинг, заедно да направиме голема чистка. Ова е одличен начин за секој потрошувачот да купи производи од реномирани брендови по значително намалени цени“, изјави Џеладин Џули, директор на трговски центар, развој и инвестиции на Рамстор мол.
Висината на попустите ќе се достигне и до минус 70 проценти, а во оваа традиционална активност се вклучени сите продавници во трговскиот центар, освен мобилните оператори. Во истиот период и Рамстор супермаркетот во склоп на трговскиот центар ќе има одлично акциско намалување на голем асортиман од своите производи.