Битолскиот Јогурт е вистинско освежување во летните жешки денови
- Детали
- среда, 03 август 2016
Во екот на летните горештини, внесувањето на течности е клучно за полесно да функционираме во извршувањето на секојдневните обврски. Но покрај течностите, огромен придонес за полесно и посвежо летно секојдневие има и правилната исхрана. Лесната храна комбинирана со јогурт или млеко има пријатно дејство на работата на организмот и делува освежувачки.
Јогуртот е незаменлив во секојдневната исхрана, одличен за здрав и активен почеток на денот, а и во текот на целиот ден, бидејќи претставува одличен енергетски извор и природен извор на витамини. Битолскиот Јогурт на Бимилк, покрај тоа што е природен извор на витамини, истовремено помага и во согорувањето на масните наслаги, а содржи калциум и калиум кои помагаат во исфрлањето на вишокот сол од организмот. Со тоа Битолскиот Јогурт директно позитивно влијае на линијата и крвниот притисок, а истовремено кога се комбинира со лесна храна претставува вистинско освежување за време на летните тропски горештини.
Ова лето, со цел граѓаните да се освежат на нетипичен но супер начин пиејќи ладен јогурт, Бимилк и омилениот Битолски јогурт организираат супер летна промоција во Охрид и Дојран наречена „Јогуртизирај се!“. Позитивните ефекти од Битолскиот Јогурт за време на високите летни температури не се доволно познати за многумина, па ова претставува одлична можност сите да пробаат и да се уверат колку освежителен и здрав напиток е јогуртот.
Дополнително, секој кој ќе сподели креативна фотографија од акцијата на официјалната фејсбук страна на Бимилк ќе добие можност да освои награда.
Следете не на нашата Фејсбук страна и приклучете се на нашиот фото-натпревар во јогуртизирање со хаштагот #ЈогуртизирајСе и можете да добиете вредни награди.