100.000 посетители на најубавиот шопинг-викенд во Скопје Сити Мол!
- Детали
- вторник, 05 јули 2016
Најголемиот провајдер на најатрактивните светски брендови, Скопје сити мол, изминатиот викенд организираше голем Late night shopping со многу настани, забава и изненадувања за посетителите.
Атрактивната програма поддржана од некои од најдобрите гаражни бендови и диџеи, меѓу кои и Latins, Metaversus, Dj Guardian, Plugin и JNI, на секој час свиреа жанровски различна музика и го подигнуваа расположението и атмосферата за пазарење.
Таквиот амбиент во комбинација со бесплатните коктели и шопингот до -70% попуст беше доволна причина 100.000 посетители да ги резервираат овиe денови токму за шопинг од соништата на најдобрите понуди од омилените летни трендови.
Mногу посетители, еуфорични и среќни лица со полни раце кеси, го преплавија Скопје сити мол и уживаа во дружбата, музичките перформанси, убавите подароци и во попустите, кои на моменти предизвикуваа вистински виор и оставија празни полици во голем дел од продавниците.
Многу познати лица го посетија Скопје сити мол овие денови, меѓу кои и најпознатите модни блогери, кои ги советуваа потрошувачите со какви модни комбинации ќе направат исчекор кон подобар и повпечатлив изглед.
За сите посетители беше организирана и Аукција на електронски уреди, што беше вистинска атракција и дополнително го покачи адреналинот, ако се има предвид дека почетната цена беше далеку под вистинската вредност на уредите и изнесуваше само 1 денар.
Ексклузивната можност да добијат производи по несекојдневно ниски цени ги привлече сите посетители без разлика на нивните инвеститорски и наддавачки способности, па така наддавањето течеше молскавично брзо и неочекувано.
Аукцијата со својот дух и шарм ја зачини актерот Гораст Цветковски.