Несоничарски водич за доцните часови во Скопје
- Детали
- четврток, 30 јуни 2016
Дали некогаш сте се фатиле себеси како не можете да заспиете и нервозно се превртувате во креветот? Несоницата знае да биде доста упорна и да ја победи битката со сите проверени техники за успешно „фаќање на сонот“.
Истражувањата велат дека секој трет човек барем еднаш во својот животен век ќе се соочи со оваа непријатна и исцрпувачка појава која може да премине и во навика. Не ви помогнале ниту јога дишењето ниту броењето на овци. Во тие моменти наместо да ве обзема непотребен немир би било подобро да станете од креветот и да проверите што нуди 24 часовното деноноќие во нашиот град.
Не знам дали можеме за Скопје да кажеме дека е градот кој никогаш не спие, од типот на светските метрополи, но во летните периоди тој дефинитивно живее слободно низ улиците и нуди одлична богата програма која ги задоволува најразличните вкусови.
Понекогаш диско атмосферата и не е единствената ноќна забава, понекогаш доволно е да прошетате низ уличките на Дебар маало и да уживате во глетката на интмните кафе барови полни со живост и пролетните мириси на липите толку карактеристични за Скопје.
Кусите прошетки не само што ќе ви ја наполнат душата со позитивна енергија, туку се добар начин да го заработите уморот кој лесно ќе ја совлда несоницата и ќе ве испрати на неколку часовен одмор во вашиот кревет.
Во потрага по невообичаена забава дојдов до одлична информација која ќе ги израдува подеднакво сите без разлика на тоа колку силно ги држи сонот, старосната граница и апетитите за забава. Имено овој петок во Скопје Сити Мол ќе се случи „Late night shopping“ или најголемото шопинг искуство каде ќе бидат понудени неверојатни попусти во сите продавници кои ќе бидат отворени за посетителите до полноќ. Звучи како одличен „дил“ морате да признаете! Овој настан, секоја година, традиционално ги собира скопјани на најатрактивната шопинг дестинација во овој период од годината. Попустите ќе бидат навистина големи и можностите за пазарување по атрактивни цени неизбежни. Покрај задоволувањето на исконската потреба за шопинг посетителите ќе можат да бидат дел од многу наградни игри, дегустации, аукции, музички настапи во живо и сл.
Она што особено ме радува е што попустот е предвиден да трае и во наредните два дена. Па така доколку на нешто веќе сте фрлиле око и не стигнавте да ја искористите шансата во петок, имајте предвид дека во текот на викендот попустот ќе биде достапен за сите посетители.
Па кому му е потребен сон покрај вакви содржини?! Скопје во лето навистина знае да биде возбудливо и полно со изненадувања и што е најважно по мерка за сите.