Уметниците ја менуваат својата подлога за цртање со фрижидери

Скопје, 02.06.2016 – Десет уметника, десет разладни уреди, десет уметнички дела. Најдобрите македонски улични артисти ќе ја заменат својата стандардна подлога за цртање со фрижидери во рамки на проектот Red Bull Curates, кој ќе се одржи за време на 11 и 12 јуни како дел од Skopje Street Fest. Посетителите на фестивалот ќе можат во живо да гледаат како се создаваат уметничките дела, а ќе имаат и можност да гласаат за најдобро насликан фрижидер.

umetnicite-ja-menuvaat-svojata-podloga-za-crtanje-so-frizideri-2.jpg

Red Bull Curates е проект за сите оние кои се инспирирани од Жан Мишел Баскијат и од неговите почетоци како уметник со графити, кој што освен на ѕидовите, сликал и по фрижидерите и мебелот на своите пријатели, за потоа да биде признаен како еден од најзначајните авангардни уметници на Њујорк од седумдесеттите и осумдесеттите години.

Свеста за денешната позиција на современата уметност во Македонија, особено не толку лесната позиција на уметниците од помладата генерација, беше мотивација за Ред Бул да го награди нивниот придонес кон културната сцена преку најавениот уличен фестивал.

umetnicite-ja-menuvaat-svojata-podloga-za-crtanje-so-frizideri-3.jpg

Посетителите ќе имаат можност да видат десет реномирани уметници од помладата генерација кои во рамките на Red Bull Curates ќе стават свој авторски печат на фрижидерите. Тие се претставници на креативните сили кои преиспитувајќи го својот визуелен јазик, и даваат смисла на средината во која што живееме. Стручното жири избра осум уметници, а за преостанатите две места можат да конкурираат сите заинтересирани така што ќе се пријават на Facebook страницата насловена Red Bull Curates Skopje. Се што е потребно да се направи е да се постават слики од своите трудови до петти јуни, со што ќе аплицираат за учество.

По завршувањето на Skopje Street Fest, уметничките дела ќе бидат изложени низ клубовите во главниот град на Македонија. Ја повикуваме публиката на фестивалот да гласа од 12 до 18 јуни преку апликацијата на SSF за најдобро дело во рамките на Red Bull Curates проектот. На крајот сите дела ќе бидат изложени во локалот „Кино Карпош“, на улица Благој Давков бр. 2.

umetnicite-ja-menuvaat-svojata-podloga-za-crtanje-so-frizideri-1.jpg

Публиката ќе има можност да гледа во живо како настануваат уметничките дела на 11 јуни, да разговара со авторите, но и да даде глас за своите фаворити. Изложбата ќе биде отворена до 18 јуни, кога ќе биде прогласен и победникот, вечерта во 20 часот.

Би можело да ве интересира:

Бомбакис, дечкото со картони, стана татко: „Сега веќе животот има смисла“ „Има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“, пишува Бомбакис во објав...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Македонец стана вирален хит - Го крена во прегратка својот идол Џаред Лето на концерт во Белград (фо... „На сцената кажав ‘Jас сум Христијан и доаѓам од Македонија’, па на Џаред Лето м...
Адријан Гаџа е пример како се сака и цени мајка: „Среќен роденден моја Супер Мајко“ Тој постојано ја нарекува мајка си „супер мајка“, па така беше и годинава на неј...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Македонката Александра Кочоска блесна на Еми наградите во Холивуд (фото) Александра Кочоска во изминатите години трипати беше номинирана за Еми во катего...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg