Компаниите дел од системот на Пакомак ќе го одбележат 22 април денот на планетата Земја со еколошки активности
- Детали
- четврток, 21 април 2016
Денот на планетата Земја е само обичен ден со необични активности. Но не и за Пакомак и компаниите кои се дел од неговиот систем, и кои секојдневно дејствуваат со заедничката визија да го минимизираат негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина.
“Се чувствуваме како дел од светската еко – заедница со планетарна мисија да ја заштитиме и разубавиме Земјата, па затоа овој ден од годината ни е особено драг. Како активисти и зелени пријатели на планетата Земја ни претставува трајна радост да го одбележуваме 22ри Април со разни еколошки активности”, изјави Филип Ивановски Извршен Директор на Пакомак.
За таа цел Пакомак и компаниите кои се дел од неговиот систем, вклучувајќи ги сите вработени во овие компании ќе го одбележат Денот на планетата Земја со низа активности, наменети да испратат порака и да посведочат за постоењето на еко – свеста.
Да бидеме зелени! Зелената боја не поврзува во хармоничен еквилибриум со природата и потсетува дека сме едно со целиот жив свет. Акцијата е доброволна, секој може да учествува на начин и активност каква што сака. Пролет е! Велат велосипед да возиш – не се заборава! А и прекрасно фит- чувство дава! Пакомак ве охрабрува да дојдете на 22 април со велосипед на работното место доколку сте во можност. Понудете им заеднички превоз на колегите кои живеат во ваш правец. Организирајте се да се превезете заедно со сопственикот на возилото кое е најмал загадувач, се разбира доколку не сте во можност да дојдете со велосипед. Облечете нешто зелено, прикачете зелена панделка и понесете свежина на работното место.
Одберете заеднички вегетаријански ручек со колегите во природа. Поддржете ги локалните производители и продавачи на органска храна и пригответе разнобојни овошни салати за целиот тим. На здравје насладување!
Потрудете се барем тој ден да не употребувате печатар за хартија. Потребни се приближно 12 дрвја за да се направи еден тон 100% нерециклирана хартија. Просечниот канцелариски работник продолжува да користи неверојатни 10.000 листови хартија за копирање секоја година. Значителни 45% од таа бројка листови завршуваат во отпад или фиоки каде испечатените информации не се погледнуваат и користат по втор пат.
Потсетувајте ги колегите од тимот за важноста да штедиме електрична енергија. Исклучете ги компјутерите кога не ги користите и поставете мали потсетници до прекинувачите со пораки да се гаси светлото.
Учествувајте со ваши дополнителни предлози за одбележување на Денот на планетата Земја во вашата компанија, со голема надеж истите да станат лесна практика.
Планетата Земја ви благодари!