Климентина Илијевски - Амалгам меѓу општествените институции и маргинализираните категории

Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и главна и одговорна уредничка на списанието „Лице в лице“ доби писмо со поддршка и благодарност за нејзините залагања во областа на социјалната правда, справувањето со социјалните предизвици и обезбедувањето подобро разбирање на потребите на ранливите категории.

klimentina-ilijevski-amaglam-megu-opstestvenite-institucii-i-marginaliziranite-kategorii-01.jpg

Приватно, мајка на две деца, страствен обожавател на природата и на книгите, професионално магистер по медиуми и комуникации, Климентина Илијевски е една од оние кои со својот специфичен пристап континуирано се обидува да овозможи алтернативи за децата од улица, за да бидат продуктивни поедници кои ќе инвестираат во својот личен развој.

Климентина неуморно едуцира и лобира, демонстрирајќи вистинска посветеност и стремеж за учество во изградбата на кохезивно општество во кое борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост ќе значат постоење на еднакви шанси и можности за сите.

klimentina-ilijevski-amaglam-megu-opstestvenite-institucii-i-marginaliziranite-kategorii-04.jpg

Во писмото меѓу другото пишува:

„Драга Климентина,

Погледнавме наоколу и видовме мајка на две прекрасни деца и жена со сериозен пристап кон работата, несоборлива етика и девојка која неуморно работи за севкупни општествени придобивки кои ќе обезбедат трајни подобрувања, резултати и одржливи вредности за заедницата.

Девојка посветена на справување со социјалните предизвици и обезбедување подобро разбирање на

потребите на ранливите категории. Девојка - амалгам меѓу општествените институции и организации

и оние на кои има треба помош и поддршка.

Драга Климентина, твојата посветеност и икреност нé трогнува.

Твојот копнеж за подобар свет нè инспирира да бидеме подобри луѓе и подобри сограѓани.

Те охрабруваме да продолжиш да се бориш за поголема инклузија на маргинализираните луѓе во

општеството.

Ти благодариме за твојот придонес кон заедницата.

Благодариме што инспирираш.

Благодариме што постоиш.

Продолжи да го правиш она што го сакаш, но најмногу од сè, продолжи да ја користиш моќта на

твоето грло да зборуваш за нештата во кои веруваш бидејќи: Твоето грло е твојата моќ!“

klimentina-ilijevski-amaglam-megu-opstestvenite-institucii-i-marginaliziranite-kategorii-02.jpg

Климентина писмото го објави и на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко, а неговата сопруга Ивана на свет...
Денес се слави големиот празник Цветници - Кои се обичаите за овој празник? Овој празник нема постојан датум и секогаш се празнува една недела пред Велигден...
„Тато те зеде прв во раце кога се роди“ – Жарко Димитриоски горд што присуствувал на раѓањето на ќер... „За мене како татко овие први пет месеци се исполнети со радост и убавини кои не...
Весна Петрушевска: „Посвоив деца зашто не можев да родам, полицајци ме држеа кога првпат го видов пр... „Најголемото херојство што Мина го направи е тоа што таа веднаш кажа сѐ на дежур...
Миа Костова ужива на зајдисонце на Санторини, Катарина Ивановска спортува со дечкото: Што прават мак... Сузана Турунџиева (55) - фит во бикини, Миа Костова минува незаборавни мигови со...
Актерот Кирил Андоновски наполни 82 години - прослави со внукот и сладолед наместо торта „На нашиот вечно млад, витален, лесен како пердувче, легендарен и премногу тален...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg