Не молчете пред семејното насилство

Околу 30 отсто од жените барем еднаш во животот биле жртви на психичко или физичко насилство во кое насилникот бил нивниот интимен партнер. Уште посериозен проблем е што голем број од жртвите со години молчат за насилството и одбиваат да признаат дека им се случува.

semejno_nasilstvo.jpg

Некои од нив мислат дека тие се виновни и дека ја заслужуваат секоја шлаканица, модринка или навреда, но вистината е дека никој не смее да биде физички или психички малтретиран. Со цел да се зголеми свесноста за овој сеприсутен проблем, на светско ниво, како и во Македонија, има иницијативи и проекти чија цел е да им се помогне на жените да излезат од ситуацијата.

Таков е случајот AVON кој е во постојана кампања против семејно насилство, а и други компании вложуваат и работат на подобрување на состојбата. Пораката што се испраќа е дека жените кои се жртви мора да прозборат за тоа и да побараат помош, да застанат на свои нозе, да се охрабрат и да го променат својот живот на подобро.

Семејното насилство не е нешто што се случува ретко, а воедно и не им се случува само на „обичните“ жени. Голем број на ѕвезди имале трауматични искуства, а дел од нив се: пејачките Тина Тарнер, Мадона и Ријана; актерките Хали Бери и Памела Андерсон и многу други. Целта на речиси секоја кампања посветена на овој проблем е насочена кон тоа да престане молчењето и секој што го има овој проблем да побара излез, така што жени, „проговорете и побарајте помош!“   

Автор: Tovornottov

Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Тамара во секси аутфит позира со дечкото на црвен тепих и направи спектакл на настап во Мадрид Во секси проѕирно боди и широки фармерки, Тамара Тодевска позираше на црвениот т...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Весна Петрушевска на одмор со ќерката и кученцето, кое ѝ дошло во најтешкиот период од животот „Минки дојде во можеби најтешкиот период во мојот живот. Дојде како знак, како с...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Жирафата Флопи угина од тумор на црниот дроб, потврдија од Скопје ЗОО Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg