Горан Михајловски во Еден на Еден - Секси ќоше постои поради жена ми!
- Детали
- понеделник, 22 февруари 2016
Горан Михајловски беше гостин на Жаре во последната епизода од шоуто Еден на Еден и ни покажа дека тој е интересен пред камерите подеднакво колку што е интересен во неговите колумни.
Поранешниот сопственик и уредник на “Вест” на Жаре му откри интересни приказни за создавањето на весникот, откри многу пикантерии за самото работење на истиот, а сподели и навистина неверојатни анегдоти од приватниот живот.
Освен Горан Михајловски гостин во Еден на Еден беше и малиот херој Јован кој со својата гитара и голема волја неколку пати свиреше на плоштад за да собере пари во хуманитарна мисија.
Целата епизода полна со хумор, забава и интересни информации ќе може да ја погледнете тука: