Патики од познати брендови за 500 денари: Супер шопинг во Skopje City Mall
- Детали
- четврток, 28 јануари 2016
Скопје (28.01.2016) Големите распродажби на облека се вистински хит во овој период од годината, а шопинг манијата владее во целиот свет. Сепак, во минатото македонците за шопинг најчесто патуваа надвор од нашите граници, но по отворањето на Skopje City Mall, светските трендови и големите попусти се веќе дел од нашето секојдневие. Имено, од 26-ти јануари до 14-ти февруари во најголемиот мол во нашата држава владее тотална распродажба, Mega Stock Sale.
Вистинско изненадување за сите посетители е Pop Up Store кој се наоѓа на влезот од улицата МАНАПО и секој ден до 14-ти февруари нуди распродажби на познати брендови за сечиј вкус, почнувајќи од спортска опрема, чевли, долна облека, мебел и книги.
Сигурно не сте ни помислиле дека ќе можете да купите машки и женски комплет од спортски тренерки и дуксер за помалку од 1500-ни денари, или пак маица од познат бренд за 490 денари. Во Pop Up Store можете да најдете и патики за 590 денари, како и друга спортска опрема на голем попуст за помалку од 1000 денари.
Ние како предлог имаме 3 модели, два женски и еден машки. Синиот и розевиот женски комплет од тренерки и дуксер чинат само 1490 денари, додека маиците се по 490 денари. Машкиот комплет од тренерки чини 2180 денари, додека патиките на огромен попуст чинат само 590 денари.
Од 26-ти јануари до 29-ти јануари Sport Vision понуди спортска опрема од познатите светски брендови по евтини цени. Од 30-ти јануари до 2-ри февруари UrbanXStore ќе ја понуди својата колекција на спортска опрема и чевли на голем попуст, додека од 3-ти до 5-ти сите оние кои сакаат да купат мебел и книги ќе можат да го направат тоа во Pop Up Store каде тие денови ќе изложуваат JYSK и Ikona Book Store. Распродажбата на долна облека ќе се случува од 6-ти до 9-ти февруари и тоа ќе го направи Penti, додека Adams Shoes од 10-ти до 14-ти февруари ќе ги изненади сите посетители со големите попусти на својата колекција чевли.