Од авионски лет до билети за ЛШ: Што сè може да се добие за лименка Ред Бул?

Неверојатната авантура наречена Red Bull Can You Make It е позната како „најлудата студентска трка на светот“ во која тројца студенти прават еден тим, добиваат 24 лименки кои им се единствената валута за да поминат илјада километри до финалната дестинација!

od-avionski-let-do-bileti-za-ls-sto-se-moze-da-se-dobie-za-limenka-red-bul-02.jpg

Од другите правила е само битно дека парите и кредитните картички треба да ги оставите дома, а треба да стигнете на целта со што е можно повеќе авантури зад себе, бидејќи не се вреднува кој најбрзо ја поминал дистанцата, туку кој успеал да направи оваа авантура да му биде забавна и во истата да ги искористи интернет мрежите за да добие популарност и следбеници. Има пет точки низ Европа од каде што ќе стартуваат избраните тимови, а сите ќе се сретнат на целта во една европска метропола.

Која е вредноста на една лименка? Очигледно, многу поголема отколку што мислите. Ова се деветте најгенијални „тргувања” направени на претходното натпреварување: откако ќе ги слушнете, сигурно ќе сакате да се пријавите на Red Bull Can You Make It.

1. Запознавање со рап ѕвезда

Цена: две лименки

Помината дистанца: 329 километри

Додека кроеа план да ги заменат лименките за ноќ во хотел со четири ѕвезди во Братислава, тимот „Red Thumb“ налета на словачкиот рапер Его кој ги однесе на вечера, им купи билети за воз до Прага и ги однесе до железничката станица. Никогаш не знаеш кој ќе запознаеш на вакво патување!


2. Спомени на раката

Цена: две лименки.

Помината дистанца: ниедна мајка не би се сложила.

Отсекогаш си сакал да се истетовираш? Да преформулираме: ќе сакаш да се истетовираш ако тоа те чини две лименки Red Bull? За тимот „Henge“ немаше дилема. Два члена веќе имаа тетоважи па предлогот да се истетовираат како спомен од лудото патување го прифатија со задоволство.


3. Возење со „луда железница“

Цена: една лименка.

Помината дистанца: речиси 400 метри во далечина и 23 метри во висина.

Тимот „Urban Survivors“ имаше лудо возење во Виена, не за да стигнат подалеку, туку за да ги наполнат батериите со доза адреналин и го продолжат патувањето.


4. Лет преку Австрија

Цена: три лименки

Помината дистанца: 380 километри

„Beach Bull Blondies“ тимот доби крилја со помош на три лименки и лет од Виена до Инсбрук. Притоа ги убедија вработените да возат скејт по авионската писта.

od-avionski-let-do-bileti-za-ls-sto-se-moze-da-se-dobie-za-limenka-red-bul-01.jpg

5. Погрешно стопирање

Цена: две лименки.

Помината дистанца: 762 километри, но во погрешен правец.

Тимот „Quirky Ky and the Terrible Two“ успеа да замени две лименки Red Bull за превоз со полски камион од Инсбрук во Австрија до Рим во Италија. Финишот беше во Берлин, но тоа не ги спречи да се повозат околу Колосеумот.


6.Партија квалитетен покер

Цена: Цел пакет (дваесет и четири лименки)

Помината дистанца: половина пат до „full house“

Всушност и не се работи за размена, но е вредно да го споменеме: „Party RCK and Polarbears“ решија да одиграат партија покер со големи влогови, а наместо пари, вложија пакет Red Bull. Влегоа во играта со многу самодоверба, очекувајќи „full house“, а за жал тоа не се случи.


7. Спомен за цел живот

Цена: две лименки

Помината дистанца: 0 килоемтри

Тимот „Little Pink Prawns“ замени две лименки за тимски потрет во Будимпешта. Дали вредеше? Уметноста нема цена пријатели.


8. Патување до Берлин со вистински стил

Цена: осум лименки.

Помината дистанца: 482km.

Тимот „Kekeц“ постигна врвен резултат: луксузна вечера, хотелска соба, превоз до аеродром и лет од Линц во Австрија до Берлин во Германија – само за осум лименки.


9. Билети за важен фудбалски меч купени на поинаков начин

Цена: три лименки

Помината дистанца: влез во Алијанц Арена

Тимот „Innsbrooklyn“ замени три лименки за три билети за Лига на шампионите, односно за судирот на титаните, Баерн Минхен против Манчестер Јунајтед (за оние кои не следат фудбал, ова е многу добар натпревар)!

od-avionski-let-do-bileti-za-ls-sto-se-moze-da-se-dobie-za-limenka-red-bul-03.jpg

Има безброј авантури кои те чекаат баш тебе, и тоа од 12. до 19. април оваа година.

Се што треба да направиш е да собереш бестрашен тим од тројца студенти или студентки, да подготвиш видео од една минута со кое ќе докажеш дека си достоен за предизвикот, да се пријавиш преку сајтот најдоцна до 14-ти февруари, па доколку твоето видео е меѓу најкреативните, наскоро да почнеш да се потготвуваш за најголемата авантура во твојот живот. Среќно!

Би можело да ве интересира:

Адам Лабунски стана татко два месеца откако ја запроси бремената девојка Пејачот го прослави раѓањето на ќерката во свој стил, па во локал каде што се со...
Перо Антиќ со новата девојка во Солун, Слаткар му прави снешко на синот: Што прават македонските ѕве... Александар Јосифовски имаше концерт во Њујорк со српската пејачка Неда Украден, ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Сергеј Варошлија и во Виена привлекува внимание со стилот: Сребрен корсет од македонски дизајнер за ... „Фотографот Матео го запознав случајно во палатата Белведере, додека гледав едно...
Македонскиот фотограф Badstef направи ексклузивен моден едиторијал во Кан: „Me покани дизајнерот Фил... „Ние бевме единствени од Балканот кои присуствуваа на ревијата и забавата на диз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg