Отворен првиот Delicatessen Tinex – продавница која ќе ја донесе Италија во вашиот дом
- Детали
- среда, 23 декември 2015
На 23-ти декември брендот Тинекс го прошири своето семејство на маркети, овојпат отворајќи сосема нов концепт, Delicatessen Tinex – маркет за вистинските љубители на храна каде можете да најдете богат избор на специјално одбрани деликатеси и пијалаци од целиот свет за вистинско гастрономско уживање, единствен во нашиот град.
Gorgonzola, Grana Padano и Tallegio се дел од сирењата кои ќе ја донесат Италија во нашиот маркет и вашите домови.
Пршута Parma, San Daniele, Culatello, Chorizo се само дел од асортиманот на сувомеснати производи кои ги нудиме во овој маркет и истите се направени од најквалитетно и специјално одбрано месо во комбинација со уникатни зачини и традиционални начини на подготовка.
За сите љубителите на префинети производи од месо, ексклузивно во Delicatessen Tinex ќе ги најдете највкусните деликатеси од светски познатото месо од црна свиња кои имаат уникатен, интензивен вкус кој ги задоволува критериумите и на најпребирливите гурмани.
Редовниот асортиман на квалитетно свежо месо, во овој маркет го надополнивме со најпознатите парчиња говедско месо Black Angus и Kobe, кои се најдоброто нешто кога станува збор за говедско месо, сочно, меко и со интензивен вкус.
Како прилог на овие сувомеснати и млечни деликатеси во Delicatessen Tinex ќе најдете голем избор на традиционални италијански тестенини, неодоливо вкусни чипсоци, мармалади и голем број слатки делиции.
За да го направиме вашето задоволство комплетно, во нашата винарија ги има најпрефинетите вина од целиот свет кои се добро познати за сите страсни љубители на чаша добро вино.
Delicatessen Tinex се наоѓа во склоп на новата катна гаража „Тодор Александров“ на ул. Даме Груев, во близина на старо Беко.