Основните здравствени потреби на жените многу често се запоставени кога се дава хуманитарна помош по природни несреќи или во конфликти

Извештајот на УНФПА „Состојби на светското население – 2015 “ поставува нова агенда за хуманитарен одговор со кој се предвидува поддршка за милионите лица оставени во заднина.

osnovnite-zdrastveni-potrebi-na-zenite-mnogu-cesto-se-zapostaveni-koga-se-dava-humanitarna-pomos-1.jpg

Скопје, 3 декември 2015 – Здравствените потреби на жените и на адолесцентите се премногу често запоставени во рамките на хуманитарниот одговор/помош за време на природни катастрофи и конфликти насекаде низ светот, дури и во случаи кога животот и смртта на жените и девојчињата зависат од пристапот до основните сексуални и репродуктивни здравствени услуги, како што е потреба од акушерки или ХИВ-превенција, се вели во извештајот објавен денеска од стана на УНФПА, „Состојби на светското население – 2015“.

Во извештајот Состојби на светското население – 2015, „Засолниште во невреме“, се потенцира дека 100 милиони луѓе во светов во овој момент имаат потреба од хуманитарна помош, а од нив околу 26 милиони се жени, девојки во адолесцентниот период.

Клучните здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје се секогаш тешко достапни во ситуации кога се најмногу потребни за преживувањето на жените и адолесцентите, се вели во извештајот. Три петини од смртноста на мајките денес се случува во земји кои се сметаат за ранливи на конфликт и природни катастрофи. Бременоста и раѓањето секојдневно убиваат 507 жени во овие услови.

Здравјето и правата на жените и на адолесцентите не треба и не смее да имаат секундарен пристап во рамките на хуманитарниот одговор“, изјави извршниот директор на УНФПА д-р Бабатунде Осотимехин. „За бремените жени кои се пред породување или за девојчињата на адолесцентна возраст кои се жртви на сексуално насилство, животоспасувачките услуги се од витално значење исто колку водата, храната и безбедното засолниште.“

osnovnite-zdrastveni-potrebi-na-zenite-mnogu-cesto-se-zapostaveni-koga-se-dava-humanitarna-pomos-2.jpg

На промоцијата на извештајот „Засолниште во невреме“ денеска во Скопје се обрати и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНФПА во земјава, Луиза Винтон:

„Она што е невообичаено за годинешниот извештај, кој е објавен денеска во целиот свет, е дека една мала и мирољубива земја како Македонија е отсликана многу видливо и проминентно. Оваа информација претставува важен доказ и сведочи за огромниот број луѓе кои поминале низ земјава, според најновите процени досега оваа година - повеќе од 750.000 - во потрага по безбеден и  подобар живот.  Насловната фотографија на извештајот е направена во прифатниот центар во Гевгелија, и таа е дел од приказната која го следи искуството на едно шестчлено семејство кое бега од војната во Сирија и патува кон Белгија. Лејла веќе е мајка на 4 деца и е бремена, како и секоја шеста жена која поминува низ Македонија. Нивната приказна денес можете да ја видите и преку изложбата на фотографии. Сторијата е навистина централната точка на новиот извештај на УНФПА под наслов „Засолниште во невреме“. Во свет зафатен од хуманитарна криза сите ние треба да се потсетиме на специфичните потреби на здравствената заштита на жените и на девојките, како и на зголемениот ризик од сексуално насилство кој постои во услови на криза.“

osnovnite-zdrastveni-potrebi-na-zenite-mnogu-cesto-se-zapostaveni-koga-se-dava-humanitarna-pomos-3.jpg

Во 2015 година во медицинските центри во Македонија се направени 11 безбедни и здрави породувања без никакви последици врз здравјето на мајката и бебињата, на жени бегалци и мигранти, изјави на промоцијата претставникот на Министерството за здравство, проф. д-р Михаил Кочубовски:

„Нашата земја има изработено Национален план за подготвеност и одговор на здравствениот систем во состојби на криза. Овој план, покрај другите аспекти на здравјето, целосно е приспособен да одговори и на потребите во областа на сексуалното и репродуктивното здравје. Всушност, овие процеси на национално планирање ја ставија нашата земја во редот на лидерите во оваа област“, додаде Кочубовски.

Бидејќи потребата од хуманитарна помош ја надминува моменталната понуда, потребено е да изготвиме нов пристап со акцент на превенција, подготвеност и издржливост на нациите, заедниците, институциите и поединците. Потребна е патека која е издржлива, правична, со инклузивен развој кој ги штити правата, вклучително и репродуктивните права, се заклучува во извештајот.

Би можело да ве интересира:

Прегратки во базен, забава на плажа: Нови фотки од одморот на Тамара со Лука и децата во Грција Авантура во автомобил, семејни прегратки во базен, уживање на душек во море и оп...
Барбара Поповиќ со емотивна изведба на „Зајди, зајди“ го расплака Дарко Димитров: „Ти си гордост на ... „Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македо...
Браво! Детски хор од Хрватска ја пее „Мојата Македонија“ среде Загреб „'Мојата Македонија’ се пее со полн глас и во Хрватска. Голема благодарност до о...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Ќерката на Тамара Тодевска прослави 8-ми роденден – со плетенки, менѓуши и балон, позира со најблиск... „Среќен роденден љубов. Хана, нашата принцеза“, стои на една од фотографиите, на...
Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg