Македонските студенти со голема свесност за значењето на здравата исхрана
- Детали
- четврток, 12 ноември 2015
Зголемената свесност за штетното влијание на пијалоците и храната кои се перцепирани како нездрави (пр. “кола пијалоци”, маргарин, мајонез, паштети, и сл.) кај новите генерации потрошувачи на македонскиот пазар е еден од клучните и најзначајни заклучоци на истражувањето, кое според уникатната STUBRAND методологија за прв пат се спроведе во Република Македонија во 2015 година.
Имено, со ова истражување се мереше личната перцепција или имиџот на 291 брендови групирани во 19 категории кај македонските студенти (млади лица на возраст од 18-27 години) кои своите верувања и асоцијации за понудените брендови ги искажаа со кликање на еден од можните одговори: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t know.
Горната констатација се потврдува со дел од резултатите, според кои за брендовите Vitalia, Cedevita, Цевитана, Balans+, Вива и сл. исклучително висок процент испитаници одговориле со Love и/или Like, што укажува на нивен позитивен имиџ кај студентската популација, но и висок степен емоции кон овие брендови, наспроти на пример “кола пијалоците” кои и покрај тоа што сеуште имаат свои приврзаници, сепак значителен е и процентот студенти кои за нив се изјасниле со Dislike и/или Hate. Дополнително, во прилог на претходната констатација оди и фактот според кој се поголемо значење и позитивен имиџ имаат и брендовите во категоријата вода, каде со најпозитивен имиџ, како прворангирани се издвоија Ладна и Добра вода, стекнувајќи се со престижното признание STUBRAND -ови за 2015 година.
Имајќи го сето ова во вид, на компаниите коишто ги таргетираат младите лица кои се повеќе се грижат за своето здравје, им се препорачува да размислуваат во оваа насока преку воведување иновативни производи со нови вкусови, дизајни и сл. со што дополнително ќе ја зајакнат емотивната поврзаност кон брендот, по примерот на Зегин кој веќе воведе нов бренд на македонскиот пазар под името Heathy Food by Zegin, со што само го потврди фактот дека ги следи новите трендови кај оваа значајна целна група потрошувачи.