Потпишана спогодба за соработка помеѓу Нелт СТ и Факултетот за електротехнички и информациски технологии, Машинскиот и Економскиот факултет

Одлична можност за студентите да го надоградат своето знаење со практична работа.

potpisana-spogodba-za-sorabotka-pomegu-nelt-st-i-fakultetot-za-elektrotehnicki-i-informaciski-tehnologii-masinskiot-i-ekonomskiot-fakultet-01.jpg

(Скопје, 15 октомври, 2015г.) Денес беше потпишана спогодбата за соработка помеѓу Нелт СТ и ФЕИТ, Машинскиот и Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј со што беше означен почетокот на нивното партнерство.

Преку спогодбата со овие три реномирани високо образовни институции, на студентите им се  овозможува увид во современите бизнис модели уште во текот на нивното образование што претставува одлична основа за создавање млади професионалци како и одлична препорака за почеток на нивната кариера.

Целта на оваа соработка меѓу бизнис секторот иницирана од Нелт СТ е поврзувањето на праксата и теоријата, особено во областа на трговијата, продажбата логистиката, сметководството и финансиите. Студентите ќе имаат можност да присуствуваат на предавања, практична настава и обука, можност за реализација на проекти, размена на искуства, остварување контакти во бизнис сферата и секако, стекнување нови пријателства.

Истакнувајќи го значењето на соработката со студените, Генералниот менаџер на Нелст СТ Македонија, Зоран Стојчевски истакна:

„Соработката со Машинскиот, Електротехничкиот и Економскиот факултет се чекор понатаму во нашата определба да создаваме генерации млади луѓе подготвени да се справат со предизвиците на современото бизнис опкружување. Добрата синергија меѓу образовнието и бизнисот треба да биде изразена преку вакви и слични проекти кои имаат за цел надоградување на стекнатото знаење преку практични примери од секојдневното работење. Сакаме да ги научиме студените кои се аспектите на современ и успешен бизнис модел и да им ги отвориме вратите на Нелт на сите амбициозни, мотивирани и полни самодоверба млади луѓе со што ја исполнуваме глобалната општествено одговорна стратегија на Нелт Групацијата од која Нелст СТ е важен дел.“

Деканот на Економски факултет, проф. д-р Љубомир Дракулевски истакна дека соработката меѓу образовниот и бизнис секторот нема граници:

„Ваквата соработка им е потребна на двете страни доколку сакаме да градиме современо, образовано и економски силно општество. Економскиот факултет со задоволство ја потпишува соработката, свесни сме дека академскиот свет мора да се надоградува со практичното секојдневие со цел да создаваме млади генерации подготвени да одговорат на потребите и барањата на современиот деловен свет.“

Според деканот на ФЕИТ, проф.  д-р Миле Станковски, студените добиваат можност за долгорочно практично искуство:

„Со потпишување на Спогодбата за деловно-техничка соработка меѓу ФЕИТ и компанијата НЕЛТ СТ, всушност, ја потврдуваме наша суштинска определба - да соработуваме со стопанството во интерес на нашите студенти. На овој начин, ќе овозможиме студентите да добијат практично искуство уште во текот на школувањето, но и по завршување на студиите. Во соработката со оваа компанија, ФЕИТ ќе придонесе кон унапредување на постоечките методи на образование според потребите на пазарот.“

„Соработката меѓу четирите институции има големо значење за нашите студенти, за образовниот и бизнис секторот  бидејќи им овозможува да го заокружат своето теоретско образование со практична работа. Верувам дека ќе ги привлечеме и дека со голем ентузијазам ќе ја прифатат можноста која им ја нудиме заедно со Нелт да запознаат успешни бизнис модели и да научат како да ја применуваат информатичката технологија во својата идна професија.“, рече деканот на Машински факултет, проф. д-р Атанас Кочов.

Нелт СТ Македонија како дел од Нелст СТ Групацијата е една од водечките дистрибутерски компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени производи за широка потрошувачка. Клиентите на Нелт се големи домашни и меѓународни компании како што се: Procter&Gamble (Ariel, Head&Shoulders, Oral B, Braun, Duracell, Gillete, Pampers и др.. ) Mondelez (Milka), Jaffa, Jacobs и многу други. Нелт Групацијата ја сочинуваат 11 компании, компанијата работи во 7 земји во Европа и Африка и вработува повеќе од 3.500 луѓе.

Би можело да ве интересира:

Горди сме! Средношколката Ана Котевска се врати со злато од Меѓународната олимпијада по германски ја... Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдоб...
Емотивна објава за Мирко Попов, кој денес ќе наполнеше 52 години: „Спектакуларно живееше, достоинств... „На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Науч...
Каролина распеана за 70-тиот роденден на мајка ѝ, Ноне ужива на Занзибар - Што правеа македонските ѕ... Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас, откри дека си заминува од N...
Атрактивната Македонка, што ја освои Србија, го прослави роденденот со фотосесија во природа Со џиновска панделка на главата и розово-бели балони Елеонора Миљковиќ Кочовска ...
Мартин од „Некст тајм“ на романтично патување во Рим со сопругата, убавата ракометарка Андреа (фото) Мартин Филиповски, едниот од близнаците од дуото „Некст тајм“ е на романтично па...
Стефан ја запроси Марија над црквата Свети Јован Канео во Охрид: „Ми требаше 1 месец за сите подгото... „Имавме испланирано да го дочекаме прекрасното зајдисонце кај црквата „Св. Јован...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg