Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Горди сме! Средношколката Ана Котевска се врати со злато од Меѓународната олимпијада по германски јазик

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот.

gordi-sme-srednoshkolkata-ana-kotevska-se-vrati-so-zlato-od-megjunarodnata-olimpijada-po-germanski-jazik-01.jpg

Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ е апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „IDO 2024“.

Ова натпреварување се одржа минатата недела во Гетинген, Германија.

gordi-sme-srednoshkolkata-ana-kotevska-se-vrati-so-zlato-od-megjunarodnata-olimpijada-po-germanski-jazik-02.jpg

Ана го освои златниот медал во категоријата натпреварувачи на Б2 ниво.

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот.

gordi-sme-srednoshkolkata-ana-kotevska-se-vrati-so-zlato-od-megjunarodnata-olimpijada-po-germanski-jazik-03.jpg

Победниците од националните прелиминарни рунди - на возраст од 14 до 17 години - патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини.

На Интернационалната олимпијада по германски јазик учествуваше и Марија Стефановска, која неодамна се запиша во гимназијата „Јосип Броз Тито“ и од септември 2024 ќе биде ученичка во прва година.

gordi-sme-srednoshkolkata-ana-kotevska-se-vrati-so-zlato-od-megjunarodnata-olimpijada-po-germanski-jazik-05.jpg

Ана е под менторство на професорката Кристина Клиафа - Трпеска, која е класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија. 

Олимпијадата се реализира во соработка со „Гете институт“.

gordi-sme-srednoshkolkata-ana-kotevska-se-vrati-so-zlato-od-megjunarodnata-olimpijada-po-germanski-jazik-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканскот... „Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше...
Ана Стојанова на роденденско патување во Сиднеј – прошетки во кратки шорцеви, вечера во елитен ресто... Прошета низ Сиднеј во комбинезон со кратки шорцеви и влечки на штикла, направи р...
Ана Брзанова на 18 години се избори со ракот, на 21 стана мис, на 25 работи како финансиски приправи... „На 17 години ми беше дијагностициран Хочкин лимфом, трет стадиум, но колку и да...
Марјана од Прилеп направи 500 сармички за Св. Никола: „Ги правев 8 часа, помали се од лажичка“ „Имало години кога сум правела и до 1.000 сармички, но годинава се 500. За подго...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg