Систина офталмологија го промени имиџот на познатиот драматург Братислав Димитров
- Детали
- вторник, 13 октомври 2015
Познатиот македонски драматург Братислав Димитров се одлучи да го смени својот долгогодишен имиџ кој речиси отсекогаш ги вклучуваше очилата. Тој од неодамна направи ласерска корекција на видот, а својата доверба ја подари на тимот доктори кои работат во Систина офталмологија.
„Навистина сум изненаден од брзиот и ефикасен резултат...процедурата траеше многу кратко, неколку минути, за цело време бев во комуникација со докторите, дури и муабетот што го почнавме не успеавме да го довршивме бидејќи интервенцијата заврши“, вели низ смеа Димитров.
Тој се пофали дека сега може да ги чита и најситните букви, но во негов стил додава дека поентата е што се чувствува пред сè подмладен. „Не можев да се пофалам со видот кој го поседував пред операцијата....беше до толку лош што едвај го здогледував слонот во зоолошката градина. Имав еден куп очила и губев време додека ги најдам вистинските. А сега, ете така за помалку од 10 минути, работите драстично се сменија. Нема да кажам дека видот ми е одличен, за да не се урочам. Искуството во болницата беше подобро отколку во сауна, заради прекрасниот тим на доктори во Систина офталмологија“, вели Братислав.
Ласерско отстранување на диоптрија во светот се практикува 29 години и до сега се оперирани преку педесет милиони луѓе.
Во Македонија оваа метода на ласерска корекција на диоптријата успешно ја изведува врвниот и искусен тим на Систина Офталмологија, во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска, која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50 000 очи.