Ќеркичките на Христина Пан наполнија 2 години - Како принцези во бело по тешката битка на Тара
- Детали
- четврток, 11 јули 2024
Една година откако Христина Пан и нејзиниот сопруг дознаа дека една од нивните ќерки близначки има малигно заболување, сега со многу радост, го прославија нивниот втор роденден.
Ќерките на инфлуенсерката Христина Младенов (позната како hristinapan), близначките Хана и Тара, денес слават роденден.
Тие полнат 2 години, а пред роденденот родителите им направија интересна фотосесија.
Тара и Хана се фотографирани во нивната детска соба, облечени во бели фустанчиња како принцези, со панделки на главата.
Освен големиот балон со бројот 2, собата е украсена со плишано мече и неколку помали балони.
„Премногу слатки за да имаат 2 години“, напиша Христина на Инстаграм.
Фотографиите од сестричките ги разнежнија нејзините следбеници, кои им честитаа роденден и им посакаа најубави желби на двете девојчиња.
Тие повеќе од една година им се морална поддршка на Христина и нејзиниот сопруг Младен, кои малку пред првиот роденден на близначките дознаа дека Тара има малигно заболување, Neuroblastoma Metastaticum.
Оттогаш помина повеќе од една година, период во кој Тара примаше хемотерапија во Скопје, беше на лекување во Словенија и Турција и како вистинска мала хероина, успеа да се избори со болеста.
Инаку, близначките го прославија роденденот и со неколку другарчиња во градинката на Хана, а Тара дојде како гостинка за да прослават сите заедно.
Повеќе фотографии од роденденот на Тара и Хана:
А. Ј. | Црнобело