Реновирани Телеком продавниците во Штип и Кичево
- Детали
- среда, 07 октомври 2015
Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.
Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Штип, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците . Со реновирањето Телеком продавницата доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.
Освен во Штип, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Кичево. Телеком продавниците во Штип и Кичево после реновирањето овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.
На денот на отворањето на реновираните Телеком продавници во Штип и Кичево, компанијата подготви одлична промотивна понуда при што секој корисник којшто потпиша нов или го обнови својот претплатнички договор, имаше можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.