Отворен новиот продажно сервисен центар за BMW и MINI
- Детали
- среда, 30 септември 2015
По повод свеченото отворање на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар, главен увозник и дистрибутер на возилата BMW и MINI за Македонија и Кососво се одржа прес конфереција на која се обрати генералниот директор на компанијата, Марко Јовановски.
Јовановски истакна дека менаџерскиот тим ќе функционира преку современ пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа за корисници, а во новиот продажно сервисен центар сопствениците на BMW и MINI возилата ќе можат да добијата врвна услуга, која ја заслужуваат како корисници на нивните премиум возила.
Инаку инвестицијата на компанијата М Кар изнесува 4,5 милиони евра која спред Јовановски претставува долгорочна инвестиција со што ќе ги задоволи очекувањата на потрошувачите и корисниците на овие премиум возила.
Во сервисниот центар, опремен по највисоки стандарди, на корисниците ќе им бидат достапни и лимарско фарбарски услуги, кои ќе ги извршуваат искусни и квалитетни кадри обучени во Германија.
Исто така, на прес конферецијата беше презентиран и менаџерскиот тим кој ќе раководи со компанијата предводена од Јовановски.