БиМилк е новиот генерален спонзор на фестивалот Браќа Манаки

Култните филмски ликови Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи беа специјалните гости на БиМилк коктелот и продефилираа на црвениот килим

bimilk-e-noviot-generalen-sponzor-na-festivalot-brakja-manaki.jpg

(Скопје, 19 септември 2015г.) Свеченото отворање на овогодинешното издание на фестивалот Браќа Манаки беше обележано со коктел за добредојде органзиран од страна на компанијата БиМилк која е новиот генерален спонзор на фестивалот.

Секогаш имајќи го во центарот на своето работење задоволството на потрошувачите, БиМилк им приреди оригинално доживување на гостите овозможувајќи им дегустација на разновидни млечни коктели во атмосфера соодветна на големо фестивалско случување.

Соработката меѓу најголемата македонска млекарница и реномираниот фестивал е во согласност со стратешката определба на компанијата да биде одговорен и активен поддржувач на заедницата:

‘‘Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за БиМилк. Соработката со фестивалот Браќа Манаки дојде природно, добра комбинација на две институции кои во средиштето на своето делување го имаат задоволството на своите консументи: љубителите на квалитетни млечни производи и на филмската уметност. Најновото партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува нашата стратешка определба да бидеме одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност. ‘‘

Најголемото изненадување од БиМилк беше појавувањето на неколку култни филмски ликови кои, секој на свој начин, се симбол на филмското платно и ги одбележаа изминатите децении. Под мотото ‘‘Филм на улица‘‘ (Movie on the streets) Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи продефилираа на црвениот килим предизвикувајќи голем интерес и потсетувајќи ги присутните на легендарните женски ликови одиграни од Моника Белучи во ‘‘Малена‘‘, Натали Портман во ‘‘Леон, проефионалецот‘‘, Џуди Гарланд во ‘‘Волшебникот од Оз‘‘, Одри Хепберн во ‘‘Појадок кај Тифани‘‘ и Хали Бери во ‘‘Жената-мачка‘‘.

Во текот на фестивалските денови, истите филмски ликови ќе шетаат низ Широк сокак со што, благодарение на БиМилк, ќе го направат 36. издание на фестивалот незаборавно за сите гости и граѓани на Битола.

Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Детали од свадбата на Антониа и Роберт: Влегоа со синот Киан, невестата со 2 венчаници и патики Невестата смени две венчаници и облече патики, првиот танц им беше на една од на...
Психолошка поддршка и советување за учениците од „Песталоци“ по убиството на Вања Ѓорчевска Децата, родителите и наставниците во наредниот период ќе можат непосредно да раз...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко, а неговата сопруга Ивана на свет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg