90% од студентите обучени во академиите на Њу Менс бизнис акцелераторот се стекнаа со вработување

15ти септември, Скопје - Во Големата Сала на Град Скопје беа презентирани резултатите од Проектот Тренинзи за напредни ИКТ вештини реализиран од страна на Њу Менс Бизнис Акцелераторот а поддржан од страна на ЈЕС мрежата на УСАИД и Локалниот економски социјален совет на Град Скопје (ЛЕСС).

90-od-studentite-obuceni-vo-akademiite-na-nju-mens-bisnis-akceleratorot-se-steknaa-so-vrabotuvanje-01.JPG

Проектот беше реализиран во периодот од Јануари до Јули 2015 година и со истиот беа опфатени вкупно 15 невработени лица на возраст од 19 до 27 години со различно формално образование, и истите учествуваа на интензивни обуки од 3 области: Моделирање и 3Д анимација, Графички и Веб дизајн и Развивање на Веб и Клауд апликации. Вкупно беа одржани 214 часа обука кои освен разивање на технички и стручни вештини опфаќаа и развивање на кариерни вештини за полесно вработување.

Проектот го поддржаа и технолошки и креативни компании од Македонија чии претставници кои учествуваа во дефинирањето на програмите, како: Фх3х, ИБОРН, Вокс Тенео, Феро Инвест, Модулар. Овие компании подоцна понудија и дво месечни пракси за учесниците кои резултираа дури 14 од 15те учесници (93 % од учесниците) да добијат понуди за работа и да обезбедат вработување.

Сертификатите на сите учесници заеднички ги доделија Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски и Директорот на УСАИД мисијата во Македонија Џејмс Стајн, а присутните ги поздравија и Директорот на ЈЕС мрежа на УСАИД Ѓорги Кушевски и претседателот на ЛЕСС на Град Скопје Тихомир Климоски.

Редовните програми на Њу Менс Бизнис Акцелераторот се изведуваат во период 9 месеци во 6 различни области: Развивање на Веб, Клауд и Мобилни апликации, Развивање и дизајн на компјутерски игри, Графички и Веб дизајн и Нови медиуми, 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни ефекти, Компјутерски мрежи и сајбербезбедност и се составени од 6 месеци обука (вкупно 472 часа) и 3 месеци пракса во компании. Уписите за генерацијата 2015/16 се отворени до крајот на месец септември а програмата стартува на средината на месец октомври. Во рамки на сите редовни програми учесниците имаат можност да посетат и 2 неделен едукативен и практичен камп во Соединетите Американски Држави (Сан Франциско и Лос Анџелес) каде одат на посета на компании од светски ранг како Гугл, Рапид7, Близард, Аутодеск Истражувачките центри на НАСА, бројни иновативни компании и старт-ап компании, со цел да се запознаат со модерните начини на работа и истите потоа да можат да ги применат во компаниите од Македонија или пак да се одлучат за отпочнување на сопствен бизнис.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg