Финални попусти за нови почетоци во Капитол Мол од 4 до 6 септември 2015

Капитол Мол ве поканува на шопинг со супер забава и финални попусти во продавниците од 4 до 6 септември 2015.

finalni-popusti-za-novi-pocetoci-vo-kapitol-mol-od-4-do-6-septemvri-2015-1.jpg

За крај на одбележување на  сезонските попусти и за успешни нови почетоци овој викенд ги покануваме сите да дојдат на шопинг со одлични попусти до -70% во Капитол мол. За поголемо уживање во шопингот повторно подготвивме интересна програма за сите.

Семејно оријентиран и уникатен во пристапот, Капитол Мол повторно одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел заедно со своите партнери во трговскиот креираше одлични попусти и сет на активности, концерти, игри, подароци, работилнци и многу забава во текот на овие три дена.

Во петок на 4 септември започнуваме со концерт во живо на Давид Темелков од Х Фактор. По успешни три концерти во Хрватска со Тони Цетински и учество на неколку музички фестивали, на огромно задоволство на сите посетители на Капитол мол, со Давид Темелков во живо ќе ги пееме познатите хитови и премиерно ќе слушнеме две нови песни. Концерот почнува во 19 часот на 1 кат во Капитол мол.

finalni-popusti-za-novi-pocetoci-vo-kapitol-mol-od-4-do-6-septemvri-2015-2.jpg

Во сабота на 5 септември децата ќе можат да ја проследат интерактивната театарска претстава: ПОГОТВЕНИ СМЕ! - каде низ игра и смеа ќе можат да се запознаат со своите идни професии. Почетокот на претставата е од 12 часот на 1 кат и за сите дечиња следува слатко изненадување.

Во недела на 6 септември повторно се дружиме со дечињата и тоа во прекрасниот амбиент на игротеката Кидс Парк каде ги очекува работилница: Математика лесна како песна. Работилницата е со почеток од 12 часот и сите посетители на игротеката ќе може да присуствуваат.     

Со својот пријатен амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдобро доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања. Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да ги ослушнува  нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg