Cloud Академијата во Скопје ќе доделува стипендии

Преку едукација, искуство и пракса на студентите им се овозможува градење на успешна кариера во Македонија и надвор од границите на земјата.

cloud-akademijata-vo-skopje-ke-dodeluva-stipendii-02.jpg

На единствената и уникатна Cloud Академија која функционира во рамките на New Man’s Business Accelerator во Скопје во тек се уписите за запишување на новите студенти за учебната 2015/2016 година, а можноста потенцијалните кандидати да се стекнат со стипендија важи за сите пријавени кои ќе освoјат најголем број нa поени на тестирањата за прием на академијата. Ќе бидат доделени повеќе стипендии и тоа една која покрива 100% од трошоците за изучување на академијата, 6 стипендии кои покриваат 20% и уште 15 стипендии кои покриваат 10% од трошоците потребни за студирањето.

Во рамките на Академијата сите заинтересирани студенти можат да се одлучат за една од 6-те насоки и тоа:

  • Развој на веб, мобилни и клауд апликации,
  • Развој и дизајн на апликации за игри
  • Графички, веб и дизјан на нови медиуми
  • Маркетинг, Адвертајзинг и Комуникации
  •  Моделирање, анимација и визуелни ефекти
  • Компјутерски мрежи и сајбер безбедност

Сите програми се во траење од 6 месеци за време на кои студентите се здобиваат со  менторска едукација следена од тим на врвни и искусни професори од земјава и странство. По завршувањето на едукативната програма, која може да се одвива во живо или на далечина, по желба на студентот им се нуди можност да бидат дел од т.н. „Boot камп“ програмата која подрзбира посета на компании, институции, смарт-ап центри или други акцелератори во Европа, Америка или регионот. За време на овие посети покрај запознавање со начинот на работа, размена на искуства и идеи на студентите им се овозможува посебно организирани состаноци за презентација на нивните идеи и проекти (оваа година тие ги посетија канцелариите на Google, Autodesk и NASA). Последната фаза е 3 месечната практична работа во светски реномирани компании кои имаат блиска соработка со Академијата во Европа, Америка или регионот (‎Google, Bilizzard, Jupiter Networks, Rapid7, Fx3x, IBORN.NEТ, Vox Тeneo, DoxOut, Modular, Fridgecheck, Tesseract, The KnowBook).

cloud-akademijata-vo-skopje-ke-dodeluva-stipendii-01.jpg

„Овој тип на неформални студии во Македонија се релативно нови, но во светот веќе подолго време претставуваат одлична замена или надополнување на класичниот начин на образование. Велам неформалени бидејќи академијата овозможува 6 месечна стручна и практична подготовка на кадрите врз основа на претходно стекнатото академско или практично образование. Нашиот едукативен модел се разликува од класичните студии бидејќи е фокусиран на развојот на практичните и животните вештини неопходни за вработување и напредок во кариерата, па на тој начин го надоместува сето она што не се стекнува со класичното образование. Клучните предности се работата со искусни ментори кои доаѓаат од реномирани компании кои не само што ги подготвуваат студентите за да можат веднаш да се вклучат во работењето на компаниите, туку и ги инспирираат и мотивираат студентите со своето животно искуство да го осознаат и реализираат својот максимален кариерен потенцијал. Во рамките на студиите, дополнително се организираат посети на регинални и светски компании, како на пример оваа година студентите меѓу другото го посетија GooglePlex и имаа можност да разговараат и да поставуваат прашања на менаџерите на Google, како и да се информираат каков тип на инвоативни производи од странски компании имаат интерес да поддржат истражувачките центри на НАСА. Можностите се бесконечни а ние им помагаме да го пронајдат својот сон и да се осмелат да превземат конкретни чекори за негова реализација“, изјави Основачот и Генерален Менаџер на Њу Менс Бизнис Акцелераторот Ирена Чаушевска.

Програмите се реализираат во соработка со искусни ментори од индустријата и компаниите. Оваа академија е флексибилна во однос на времето и локацијата за изучување на програмите и следење на наставата овозможувајќи професионална интердисциплинарна едукација и менторинг процес на млади луѓе со минимум завршено средно образование. Cloud академијата има одговорност да го следи развојот на своите студенти и да им помага професионално да се реализираат. Од особена вредност кај оваа академија е и фактот што и по завршување на наставата на студентите им остануваат на располагање сите материјали, вежби и интеракција до кои и понатаму ќе имаат пристап преку Cloud платформата на знаење, а и понатаму се дел од системот на Cloud Академијата и добиваат информации за различни кариерни можности.

За повеќе информации во врска со уписите посетете ја нивната веб страница или јавете се на 072/220-191.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg