Нова реклама на Златен Даб - Со пиво во светот на мажите

(Прилеп, 24.06.2015) – Приказната од средниот век во Шкотска каде голема група жени се обидува да ги врати своите мажи дома е содржината на новата реклама за најдоброто македонско пиво Златен Даб. Откако не успеваат да пробијат во добро чуваниот замок, жените го користат најдобриот начин за да влезат во светот на мажите – пивото.

nova-reklama-na-zlaten-dab-so-pivo-vo-svetot-na-mazite-001.jpg

„Златен Даб е бренд кој им раскажува сосема поинаква приказна на своите потрошувачи. Се обидуваме постојано да изненадиме со интерактивни кампањи, со креативност, бидејќи овој бренд сака да им даде повеќе на своите потрошувачи. Сакаме на несекојдневен начин да ја раскажеме приказната за пивото, сосема подруг, повозбудлив начин од нашето секојдневие. Се покажа дека креативниот и инвентивен пристап, кога станува збор за Златен Даб се цени од потрошувачите и дека успеавме да направиме голем исчекор во тоа како не перципираат и што да очекуваат од Златен Даб. Високиот квалитет на пивото, поддржан од иновативен и интересен начин на комуникација дава одлични резултати”, изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.

Со рекламата на интересен начин е прикажана вечната борба меѓу мажите и жените, за слободата во врската, начинот на кој мажите се дружат со другарите, но и за нивната одговорност што ја имаат во домот пред своите девојки и жени. Златен Даб и овој пат ги поместува границите на креативната комуникација на брендот преку приказна за единственото пиво што ги руши табуата и границите меѓу различните светови.

Во овој најобемен рекламен проект снимен досега за македонски бренд, учествуваа повеќе од 200 статисти, со неколку продукциски екипи кои снимаа паралелно на повеќе локации.

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg