„Касни порасни“ на знаковен јазик

Учесниците во програмата ЦКА-ПХВ 2015 год. (Црвен крст во акција- Промоција на хумани вредности), која се спроведува во Црвен крст на Република Македонија општинска организација Прилеп изготвија видео во кое на знаковен јазик ја интерпретираа лектирата за деца „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски.

kasni-porasni-na-znakoven-jazik-001.fw.jpg

Младите волонтери во текот на процесот го изучуваа знаковниот јазик и истиот го искористија за интерпретација на лектирата. Овој проект се реализира благодарение на креативноста на младите волонтери и има за цел да се опфатат деца со оштетен слух кои на поедноставен начин преку интернет ќе имаат пристап до оваа лектира и лесно ќе може да ја изучуваат.

Црвен крст Прилеп и понатаму продолжува на различни начини и програми а во рамките на своите можности да ги задоволува потребите на различните ранливи целни групи.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата. Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Норвешка Амбасада од Србија.

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Чичко Крсто од Кратово е 52 години во љубов со тетка Пале: „Секое утро ја будам со бакнеж во образ, ... „Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам - со моето...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg