Пелистерка со донација од 1 милион денари за клиниките во Скопје, Тетово и Битола
- Детали
- среда, 24 декември 2014
Македонската компанија за вода и безалкохолни пијалоци, Пелистерка, денеска и официјално го промовираше петтиот, традиционален календар како симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата.
Сензуалноста на водителката Маријана Станојковска и пеачките Аделина Тахири и Тамара Тодевска, се доминантни на страниците на најпосакуваниот календар во државата.
Фотографиите се снимени во базата на компанијата Пелистерка, во Битола, која е најсовременот и најсофистицираниот комплекс за безбедно полнење и пакување на вода со европски сертификати. Девојките, женствено провокативни, се контратежа за некои од најгрубите фабрички погони.
Пелистерка, останува доследна на својата позиција на лидер во својата индустрија, но и на општествено одговорна компанија која се грижи за генералниот бенефит. Компанијата ги насочува планираните финансиски средства од предновогодишната промоција, за набавување на медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола.
„Со оглед на константно високото ниво на загаденост и ефектите по здравјето на жителите во овие три големи градови во Македонија, заклучивме дека е далеку поприоритетно да овозможиме набавка на апарати за константно мониторирање на состојбата на загрозените пациенти, пред се на децата, кои се најподложни на реакции по временските промени. Станува збор за мобилни апарати од типот МР (MindRay), кои овозможуваат следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега и вклучуваат широк обем на медицински парамети за набљудување“. - велат од компанијата.
Вредноста на вкупната донација е околу 1 милион денари, а во секоја од клиниките во Скопје, Битола и Тетово ќе биде доставена како пред Божиќен подарок од Маријана, Аделина и Тамара, заштитните лица на Пелистерка за оваа 2015 година.