Публицис Македонија со бронза на Европскиот креативен фестивал Евробест 2014

На завршната церемонија на европскиот креативен фестивал Евробест 2014 кој се одржа во Хелсинки, Финска, Публицис  Македонија се закити со уште една награда за проектот Alzheimer’s News Editors работена за Националниот институт за неврологија.

publicis-makedonija-so-bronza-na-evropskiot-kreativen-festival-evrobest-2014-2.jpg

На фестивалот агенциите се натпреваруваа со најкреативните проекти во вкупно 15 категории, а Публицис Македонија ја освои бронзата во категоријата Медиа.

„ Ова е навистина успешна година за нас имајќи во предвид дека ова е четврта награда по ред во оваа година.  Пред само 2 месеци нашиот труд беше награден и на интернационалниот фестивал Голден Драм, каде освоивме злато и сребро, како и сребро на престижните Euro Effie награди во Брисел за регионалната кампања за Аргета. Горда сум и благодарна но мојот тим со кој успеавме на вистински начин да ја канализираме креативната енергија создавајќи еден ваков проект кој предизвика внимание кај нашите колеги на фестивалите. Би сакала да им се заблагодарам и на нашите клиенти без чија поддршка и доверба не би ги имале овие награди. Среќни сме и ова ќе биде мотивација за нас следната година да реализираме уште повпечатливи проекти“, изјави Александра Дилевска, извршен директор на Публицис Македонија.

Целта на кампањата беше да се информира за потребата за навремено откривање на симптомите од Алцхајмеровата болест, каде луѓето најчесто се сеќаваат на нешта од минатото, но не и на работи што се случуваат во сегашноста.

Претставивме разговори со Алцхајмерови пациенти, за она што се најновите вести за нив, а од нивните одговори креиравме „вести од минатото”. На светскиот ден за борба против Алцхајмер на насловните страни на весниците беа објавени вести од минатото, а исто така  вестите на ТВ станици беа заменети со вести од минатото. Главната порака на целиот концеп беше: Ова се најновите вести за луѓето со Алцхајмерова болест" изјавија од креативниот тим  на Публицис Македонија.

Евробест фестивалот е организиран од компанијата Lions Festivals, која секоја година го организира и најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions. Претходните три години, фестивалот се оддржуваше во Лисабон, а преходни домаќини биле и Хамбург, Амстердам и Стокхлом. Овогодинешните победници може да ги погледнете тука.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg