Да бидеме хумани, да ѝ помогнеме на малата Тамара од Велес!
- Детали
- среда, 19 ноември 2014
`Рбетот на десет годишната Тамара Димовска од Велес сè повеќе се искривува па има уште малку време за да не остане инвалид засекогаш.
Една година помина откако металната шипка која беше прикачена за `рбетот на ова девојче ја отстрани доктор од Хрватска. Ја одржуваше исправена, но стана прекуса за нејзината висина и правеше дополнителни проблеми. Но, од тогаш се искриви двојно повеќе.
Шест неделниот третман за исправување истегнување и корекција на пршлените кој следува во Хрватска чини 30.000 евра, додека во Турција или Америка повеќе од 100 илјади.
Димовски немаат пари за ова, но велат дека повеќе не можат да издржат како секојдневни сведоци на маките на нивната ќерка. Таа веќе е за 50 сантиметри пониска од нормалното, внатрешните органи и се натиснати, а најголема е опасноста кај срцето и белите дробови.
Димовски побарале Фондот за здравство да ги покрие трошоците за лекување во странство, но ги одбиле со образложение дека може да се оперира во земјава, на Ургентниот центар.
Родителите, пак, тврдат дека ниту еден доктор со кој контактирале не се нафатил затоа што освен стручност, потребна е апаратура која ја нема во земјава. Тројца раководители на одделенија од Клиничкиот центар веќе се потпишале дека операција тука не може да се изведе.
Фондот ги покри трошоците за првата операција, но сега не одобрува пари за продолжување на лекувањето во странство.
Сега родителите молат уште еднаш да се разгледа нивниот случај и државата да помогне Тамара да не остане инвалид.
Велат дека нивната борба ќе трае сè додека не престане растењето на девојчето.
Помогнете во оваа борба за живот и донирајте на следниве начини:
Фондот за Тамара, исто така организира и хуманитарен настан во кој се вклучени голем број јавни лица.
Настанот е отворен за сите кои сакаат да го спасат животот на малата Тамара!